Милиони за патувања, храна, обезбедување: Колку пари троши папата и како ги заработува?

Папата не зема плата во традиционална смисла на зборот, но за неговите потреби се одвојуваат милиони евра годишно. Овие пари се од државниот буџет на Ватикан.

milioni-za-patuvanja-hrana-obezbeduvanje-kolku-pari-troshi-papata-i-kako-gi-zarabotuva-01.jpg

На 08.05.2025 во Ватикан беше избран 267-иот папа - Роберт Френсис Превост, кој има 69 години, а за новата титула го избра името Лео.

Тој е 14-тиот папа кој го носи ова име.

Лео се смета за духовен лидер на повеќе од милијарда католици и важи за еден од најмоќните лидери во светот.

kolku-pari-troshi-noviot-papa-lav-xiv-i-kako-gi-zarabotuva-parite-09.JPG

Сепак, за разлика од останатите лидери, како претседателите, папата не добива плата во традиционална смисла на зборот.

Туку државата Ватикан му ги обезбедува сите работи што му се потребни, од сместување и храна, до здравствена нега и лично обезбедување.

Секако, папата има право да добива и одредена сума пари за други трошоци.

kolku-pari-troshi-noviot-papa-lav-xiv-i-kako-gi-zarabotuva-parite-06.JPG

Претходниот папа, Франциск, кој беше познат по својата скромност, избегнуваше каков било паричен надомест во периодот на неговото владеење и го користеше само она што е неопходно.

Генерално, и претходните папи избегнувале да трошат повеќе одошто треба. Но, ова не значи дека не се трошат воопшто пари за нив.

kolku-pari-troshi-noviot-papa-lav-xiv-i-kako-gi-zarabotuva-parite-07.JPG

Како кардинал, новиот папа Лео добивал плата од околу 4.000 евра, а не е познато колку изнесува неговото лично богатство.

Но, како лидер на Ватикан, тој има на располагање неколку милијарди.

Сепак, овие пари не се за негови лични трошоци, туку се дел од државниот буџет и со нив се покриваат и трошоците за неговите потреби.

kolku-pari-troshi-noviot-papa-lav-xiv-i-kako-gi-zarabotuva-parite-08.JPG

Се проценува дека за папата се одвојуваат од 2 до околу 5 милиони евра годишно.

Околу еден милион е за одржувањето на неговата резиденција во Домот Света Марта, а во оваа сума се вклучени и платите за хигиеничарите и сите кои се грижат за градбата.

kolku-pari-troshi-noviot-papa-lav-xiv-i-kako-gi-zarabotuva-parite-05.JPG

Папата е скромен кога е во прашање начинот на исхрана, па ова, заедно со работниците како лични готвачи и асистенти, се трошат околу 300.000 евра годишно.

kolku-pari-troshi-noviot-papa-lav-xiv-i-kako-gi-zarabotuva-parite-04.JPG

Еден од поголемите трошоци на папата се светските турнеи, а едно патување може да чини и до три милиони евра.

Сепак, овие трошоци не се секогаш покриени од Ватикан – некогаш и земјите што ги посетува папата плаќаат дел од сумата, на пример за сместување или храна.

kolku-pari-troshi-noviot-papa-lav-xiv-i-kako-gi-zarabotuva-parite-02.JPG

За обезбедувањето на папата е задолжена Швајцарската гарда за која годишно се одвојуваат повеќе од половина милиони евра.

За облека, церемонии, но и донации направени во име на папата се одвојуваат до половина милион евра годишно.

kolku-pari-troshi-noviot-papa-lav-xiv-i-kako-gi-zarabotuva-parite-10.JPG

Папата донекаде е одговорен и за приходите на Ватикан, кои доаѓаат од донации, инвестиции, но и туризам.

Ватикан и папата добиваат најмногу пари од донации од католици од целиот свет – околу 20 милиони евра годишно – а најмногу донираат луѓе од САД, Германија и Италија.

Папата е важен кога станува збор за донациите бидејќи има влијание преку својата популарност и својот авторитет.

Ватикан поседува и уметнички дела, книги и артефакти кои вредат цело богатство, а има значителен приход и од туристите кои ја посетуваат државата.

kolku-pari-troshi-noviot-papa-lav-xiv-i-kako-gi-zarabotuva-parite-11.JPG

Сепак, и покрај разните извори на приход, Ватикан се соочува со финансиски проблеми – на пример, 2023 година ја завршиле со над 70 милиони евра загуба, и покрај скромноста на папата Франциск.

Се претпоставува дека и новиот папа ќе го следи примерот на Франциск, односно ќе ги ограничи своите трошоци само на неопходното.

Погледнете и: Кардиналите се заколнуваат на молк, не смеат да користат телефон: Што се случува за време на таинствената конклава?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...

Најчитани неделава