Кардиналите се заколнуваат на молк, не смеат да користат телефон: Што се случува за време на таинствената конклава?

За време на конклавата, која во просек трае околу три дена, кардиналите спијат во соби со затемнети прозорци, им ја проверуваат храната за скриени пораки и не смеат да имаат никаков контакт со надворешниот свет.

kardinalite-se-zakolnuvaat-na-molk-ne-smeat-da-koristat-telefon-shto-se-sluchuva-za-vreme-na-tainstvenata-konklava-01.jpg

На 7-ми мај започна изборот на нов папа, познат и како конклава.

Конклавата се одвива во најголема тајност и овој пат изборот ќе го прават 133 кардинали од разни земји од светот, а секој од нив може да биде избран за папа.

Изборот се одржува во Систинската капела во Ватикан и се очекува да трае подолго од еден ден. За да биде избран нов папа, треба да има освоено две третини од гласовите, па токму поради ова конклавите траат и по неколку дена.

Сепак, во помодерната историја, изборот се одвива релативно побрзо – од изминативе десет конклави, ниту една не траела повеќе од пет дена. Од Ватикан, пак, предвидуваат дека новиот, 267-ми папа, ќе биде избран за најмногу три дена.

kardinalite-se-zakolnuvaat-na-molk-ne-smeat-da-koristat-telefon-shto-se-sluchuva-za-vreme-na-tainstvenata-konklava-02.JPG

Што точно се случува за време на конклавата и како одат подготовките?

Конклавата е најтаинствениот демократски процес во светот, а ова го кажува и нејзиното име – потекнува од латинскиот израз cum clave, што може да се преведе како „со клуч“ или „под клуч“.

Кардиналот што ќе биде избран за папа се смета за наследник на Свети Петар кој е нарекуван и првиот апостол, и ќе биде еден од најмоќните лидери во светот. Односно, ќе биде лидер на повеќе од 1,4 милијарди католици ширум светот.

kardinalite-se-zakolnuvaat-na-molk-ne-smeat-da-koristat-telefon-shto-se-sluchuva-za-vreme-na-tainstvenata-konklava-08.JPG

Кардиналите кои можат да гласaат треба да бидат помлади од 80 години и интересно е што можат да гласаат за себе. Но, бидејќи им требаат две третини од гласовите, ова правило не предизвикува проблем.

Кардиналите кои можат да гласаат почнаа да доаѓаат во Ватикан веднаш по смртта на папата Франциск и од понеделникот (05.05) веќе сите се таму.

kardinalite-se-zakolnuvaat-na-molk-ne-smeat-da-koristat-telefon-shto-se-sluchuva-za-vreme-na-tainstvenata-konklava-07.JPG

Тие престојуваат во Ватикан, во резиденцијата позната како „Домот Света Марта“, а нивните соби се детално проверени за уреди за прислушување и што било што може да ја загрози таинственоста на конклавата.

Дури и прозорците на собите на кардиналите се затемнети за никој да не може да ги шпионира.

И Систинската капела каде што се одвива гласањето е темелно проверена за уреди за прислушување.

kardinalite-se-zakolnuvaat-na-molk-ne-smeat-da-koristat-telefon-shto-se-sluchuva-za-vreme-na-tainstvenata-konklava-11.JPG

Бидејќи конклавата трае и по неколку денови, во овој период, кардиналите не смеат да имаат никаков контакт со надворешниот свет.

Затоа, според некои извори, строго се контролираат и нивните оброци. Односно, не можат да јадат храна во која може да се скрие некаква порака, како пита.

kardinalite-se-zakolnuvaat-na-molk-ne-smeat-da-koristat-telefon-shto-se-sluchuva-za-vreme-na-tainstvenata-konklava-09.JPG

Пред почетокот на конклавата, кардиналите ги предаваат и своите телефони и електронски уреди, а сите во Ватикан – од свештеници, до готвачи и хигиеничари – даваат заклетва за молчење. Ако некој ја прекрши заклетвата, засекогаш ќе биде избркан и исклучен од католичката црква.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...

Најчитани неделава