Кардиналите се заколнуваат на молк, не смеат да користат телефон: Што се случува за време на таинствената конклава?
Кога официјално почнува конклавата, кардиналите буквално се заклучени внатре и никој не смее да влезе или излезе.
На првиот ден од конклавата, кардиналите обично гласаат еднаш, почнувајќи попладне – годинава во 16:30 часот. На секој нареден ден од конклавата, тие гласат по четирипати – двапати наутро и двапати попладне.
Додека трае гласањето, внатре мора да владее потполна тишина.
Кардиналите пред себе имаат лист хартија на кој го запишуваат името на кардиналот за којшто гласаат. Потоа, еден по еден го ставаат своето гласачко ливче во бронзена урна.
Гласовите ги бројат избрана група постари кардинали – едните ги бројат гласовите, а другите прават проверка, за секој случај.
Доколку не се избере нов папа, сите гласачки ливчиња се горат и се испушта црн чад кој е видлив од плоштадот Свети Петар.
Ако се избере нов папа, гласачките ливчиња исто така се горат, но овој пат се испушта бел чад.
Кардиналот избран за папа треба да ја прифати новата титула, па потоа оди да се облече во соодветна папска облека.
Потоа другите кардинали го прашуваат кое име ќе го користи како папа. Новиот папа има дозвола да го задржи своето име, но од 1555 година, ниту еден од нив не го направил ова.
На пример, името на папата Франциск всушност беше Хорхе Марио Берголио.
На крај, новиот папа ќе биде изнесен на балконот над плоштадот Свети Петар во Ватикан и постар кардинал ќе изјави „Habemus papam“, односно „Имаме папа“.
Како и за секоја конклава, плоштадот ќе биде преполн и тогаш папата ќе го даде својот прв благослов и за присутните, и за сите католици ширум светот.
Погледнете и: Уништување на папскиот прстен, таинствена конклава: Што се случува откако ќе почине папа?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





