Веруваат во семоќен бог, прават тајни ритуали: Кои правила ги следат модерните масони?

Во некои масонски ложи, до денес е забрането да се примаат жени, а масоните имаат и своја листа со закони и правила кои не смеат да бидат прекршени.

veruvaat-vo-semokjen-bog-pravat-tajni-rituali-koi-pravila-gi-sledat-modernite-masoni-01.jpg

Покрај илуминатите, масоните важат за едно од најмистериозните тајни друштва.

Друштвото потекнува уште од Средниот век, а било основано од тогашните ѕидари и градежници кои правеле катедрали.

Постојат многу теории за тоа која била причината за обединувањето на ѕидарите и градежниците.

Главно се верува дека првично во друштвото примале и чираци кои го изучувале занаетот од постарите ѕидари.

Но, со текот на времето, друштвото станало привлечно и за луѓе кои немале никаква врска со градежништво, туку само сакале да водат дискусии за разни теми.

Масоните се дистанцирале од религијата, па можеби и ова ги правело привлечни во тој период.

Оттогаш, друштвото се има променето многу, но опстојува до денес и неретко членовите се нарекувани и фримасони.

Сепак, си ја задржале таинственоста, па освен членовите, скоро никој не знае која е нивната цел и што точно прават зад затворени врати.

veruvaat-vo-semokjen-bog-pravat-tajni-rituali-koi-pravila-gi-sledat-modernite-masoni-03.JPG

Неколку правила што ги следат модерните масони:

Членовите мора да исполнуваат одредени барања

Не секој може да стане масон и во некои ограноци низ светот, на жените уште им е забрането да се приклучат на друштвото.

Но, наводно ова се менува и има сè повеќе жени масони.

Членовите мора да се полнолетни и да веруваат во бесмртноста на душата.

Иако се дистанцираат од христијанството и другите религии, масоните имаат свои теолошки верувања.

Наводно, тие веруваат во семоќно битие, слично како Бог во христијанството.

veruvaat-vo-semokjen-bog-pravat-tajni-rituali-koi-pravila-gi-sledat-modernite-masoni-6.JPG

Мора да носат соодветна облека

Масоните треба да следат дрес код на нивните собири.

Тие не треба да се истакнуваат со облеката, па повеќето избираат едноставен црн костум со светла кошула.

Дозволено им е да носат додатоци како прстени или часовници.

Сепак, за некои ритуали имаат посебна облека, како наметки.

veruvaat-vo-semokjen-bog-pravat-tajni-rituali-koi-pravila-gi-sledat-modernite-masoni-7.jpg

Имаат ритуал за иницирање

Се верува дека масоните имаат безброј ритуали од кои најпознат е оној за иницирање.

Кога во друштвото ќе дојде нов член, тој облекува церемонијална облека, односно вид наметка.

Едната града му е откриена, како доказ дека не е жена (за ложите каде е забрането да се примаат жени)

Откриена му е и десната рака, што симболично прикажува дека на себе нема оружје.

Некогаш новите членови носат превез на очите и јаже на вратот со кое друг член ги води до церемонијална соба.

Додека трае церемонијата, на новиот член му се поставени и други прашања, а наводно го допираат и со нож на разголената града како доказ за неговата посветеност на друштвото.

Членовите ја кажуваат својата заклетва клекнати на колена.

veruvaat-vo-semokjen-bog-pravat-tajni-rituali-koi-pravila-gi-sledat-modernite-masoni-04.JPG

Луѓето сами аплицираат за да станат дел од друштвото

Постои верување дека друштвото треба да ве покани, но всушност секој може и сам да аплицира да стане дел од Масоните.

Но, предност имаат оние кои веќе познаваат масони кои можат да „пуштат абер“ за нив во друштвото.

Потоа друштвото ја разгледува апликацијата, па доколу станува збор за соодветен член, го известуваат.

veruvaat-vo-semokjen-bog-pravat-tajni-rituali-koi-pravila-gi-sledat-modernite-masoni-8.JPG

Не смеат да ги прекршат нивните закони и правила

Масоните имаат огромна листа со правила и закони кои членовите не смеат да ги прекршат.

На пример, тие не смеат да користат пцости, мораат да им помагаат на другите членови кога има потреба од тоа, не смеат да зборуваат за тајните на друштвото, не смеат да им бидат неверни на сопругите…

veruvaat-vo-semokjen-bog-pravat-tajni-rituali-koi-pravila-gi-sledat-modernite-masoni-11.JPG

Мораат да бидат дел од ложа

Секој кој е масон, мора да биде дел и од масонска ложа.

Обично по ритуалот за иницијација, на секој му се одредува ложа, но тој може да ја промени доколу ги извршувал своите должности и не прекршил некое од масонските правила.

veruvaat-vo-semokjen-bog-pravat-tajni-rituali-koi-pravila-gi-sledat-modernite-masoni-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg