За потрага по пиратско богатство, за озлогласен култ: Луди работи за кои богатите наследници трошеле милиони
Богатата наследничка Клер Бронфам вложила милиони во секс култот NXIVM, пред да биде уапсена, додека наследникот Хантингтон Хартфорд потрошил милиони во потрага по скриени пиратски богатства.
Кога би биле милионери (или милијардери) сите би трошеле за нешто што нам ни причинува задоволство, а за другите може да звучи лудо.
Па, можеби не треба да нè изненадуваат чудните интереси за кои богаташите можат да си дозволат да потрошат многу пари.
Сепак, некои работи на кои трошеле дефинитивно се истакнуваат.
Дел од најлудите работи за кои наследниците од богати и моќни семејства потрошиле милиони:
Клер Бронфам
Клер Бронфам е најмладата ќерка на милијардерот Едгар Бронфам – основачот на дестилеријата, а подоцна и конгломератот The Seagram Company Ltd.
Од сестра ѝ Сара, клер дознала за NXIVM (Нексиум) – озлогласен секс култ и криминална организација. Заедно со неа, Клер му се приклучила на култот и не била само обичен член, туку и го финансирала.
Откако се венчала, сестра ѝ Сара постепено го напуштила култот, но Клер останала верен член и наводно „вложила“ над 50 милиони долари во него.
Истовремено, основала две невладини организации со цел да го промовира култот.
Основачот на култот, Кит Раниер, ги експлоатирал членовите, а жените ги правел свои секс робинки и во сите криминални дејствија добивал помош од Клер.
Основачот беше уапсен и обвинет за рекетирање, перење пари, трговија со луѓе и кражба на идентитет, а во 2018-та, беше уапсена и богатата наследничка.
Додека Кит доби 120-годишна казна затвор, Клер беше осудена за помали дела, па доби 81 месец зад решетки.
Прочитајте и: Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер
Кристина Оназис
Кристина Оназис е ќерката на бизнисменот Аристотел Оназис, попознат како вториот сопруг на Џеки Кенеди. Таа наследила многу пари и од мајка ѝ, и од татко ѝ, но за помалку од три години, го изгубила речиси целото семејство.
Најпрво, во 1973 година, брат ѝ загинал во авионска несреќа, потоа мајка ѝ се предозирала и починала, а на почетокот во 1975 година починал и татко ѝ.
Кристина ги презела семејните бизниси и била мошне успешна, но приватно била далеку од среќна личност.
Четирипати се венчала и разведувала и имала клиничка депресија, а бидејќи немала пријатели, им плаќала на луѓе да се дружат со неа.
Познато е дека на еден маж и неговата девојка им плаќала и по 30.000 долари месечно само за да ѝ прават друштво и да одат со неа на патувања.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





