8 тактики како да се справите со дрските, безобразни и некултурни луѓе
Сте се соочиле ли со дрска личност која со однесувањето ве извадила од такт? Како реагирате? Умеете ли да се исконтролирате? Дали во вакви ситуации молчењето е злато - што мислите?
Сигурно и вие некогаш во животот сте се соочиле со некоја дрска, безобразна и некултурна личност?
Личност која „влегла во филм“ дека е центар на светот и ве третира како да сте пронајдени на улица.
Во животот, за жал, неизбежни се вакви ситуации.
Но, со луѓето кои страдаат од синдром на повисока вредноста мора да се соочите и да им се спротивставите, без разлика дали станува збор за блиска личност, колега или некој странец.
Постојат повеќе тактики за справување со нив, а изборот на тактика останува на вас.
Начини како да се справите со дрските, безобразни и некултурни луѓе:
Останете смирени
Не се конфронтирајте ако сте гневни. Земете неколку длабоки здива и размислете што сакате да кажете или напишете.
Бидете директни
Јасно и мирно објаснете им што ве вознемирило. На пример: „Извинете, мислам дека јас бев пред вас во редот“ или, пак, „Каков е тонот на глас со кој ми се обраќаш?“...
Користете хумор
Лесна шега може да ја намали напнатоста. Само внимавајте хуморот да не биде саркастичен, па да ја зголемите тензијата дополнително.
Останете љубезни
Одговорете со почит и културен тон. Кажете: „Ве молам престанете, тоа ми пречи“. Односно на некултурата, одговорете со култура.
Разговарајте цивилизирано
Прашајте зошто се однесуваат така и обидете се да ги разберете, но ако станува предолго или агресивно, тргнете се.
Користете изјави во прво лице, наместо обвиненија во второ
Наместо „Ти си груб/а“, кажете: „Се чувствувам лошо кога го велиш тоа“.
Разговарајте насамо
Ако се случува пред други, подобро е да поразговарате во приватност за да избегнете срам и конфликти.
Не се преоптоварувајте
Ако не успеете да промените нечие однесување, прифатете дека не е ваша одговорност и продолжете понатаму.
Нормално, со отстранување на таа личност од вашето секојдневие.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





