Промовира тинејџерска бременост, на 23 години чека 4-то дете: Зошто јавноста ја критикува инфлуенсерката Нара Смит?
Нара се има огласено за ваквите коментари, кои вели дека зачестиле за време на нејзината трета бременост.
„Многу ми беше тешко. Тој период ништо не ми беше убаво. Не ми беше јасно зошто луѓето кажуваа невистини.
Бев напаѓана бидејќи споделував видеа со готвење и не повредив никого“, има изјавено во интервју.
Во истото интервју, Нара вели дека самата не се става во категоријата на tradwife инфлуенсерки:
„Јас сум мајка која работи. Се грижам за моите деца и ги делиме обврските со сопругот. И двајцата работиме, па не можам да бидам нарекувана tradwife“.
Во друго, поново интервју, Нара уште еднаш зборува за тоа дека не се гледа себеси како tradwife или домаќинка.
„Тешко ми е да разберам и што точно значи овој збор. Никогаш не знам што да одговорам кога луѓето ќе ме прашаат што работам.
Да, креирам содржини за социјалните мрежи, но истовремено си го живеам животот и споделувам детали од тоа – а ова го прават многумина“.
Спирова С. | Црнобело