Грешки во 30-тите години од животот за кои најмногу ќе се каете
„Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната финансиска стабилност пред да наполнат 40“.

Ако 20-тите се период кога правиме грешки и учиме од нив, во 30-тите веќе треба посериозно да сфатиме некои работи.
Но, и 30-тите се период кога луѓето прават многу грешки. Проблемот е што некои од нив можат многу да ги чинат.
На Редит, неколку повозрасни корисници споделуваат кои се грешките што можеме да ги направиме во 30-тите, а за кои ќе се каеме најмногу. Некои споделуваат лични искуства, а некои грешки на нивни блиски.
Нивните совети во продолжение:
„Знам дека е полесно да се каже отколку да се направи, но мора да се борите да заработувате повеќе пари. Не се задоволувајте со ниска плата, подобрувајте се, учете нови вештини и пробајте да дојдете до фаза кога навистина ќе можете да уживате во животот.
Многу проблеми навистина можат да бидат решени со поголема плата. Помладите луѓе прават грешка што мислат дека мора да бидат заглавени на работно место со ниска плата“.
„Немојте да бидете во врска или да се венчате со партнер кој не е за вас. Сум видел многу прекрасни луѓе кои си го уништиле животот во 40-тите бидејќи избрале погрешен партнер“.
„Не ја запоставувајте грижата за вашите заби“.
„Не избегнувајте тешки разговори и тешки одлуки. Верувајте ми, колку повеќе зборувате за тешките работи во 30-тите, толку полесен ќе ви биде животот во 40-тите.
Кариерата, децата и стабилноста во вашиот живот ќе се подобрат ако ризикувате“.
„Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната финансиска стабилност пред да наполнат 40“.
„Немојте да се храните како во 20-тите. Не мора да држите некоја луда диета, но не јадете толку многу брза храна и направете мали промени. И, додека да наполните 40, ќе имате здрав начин на исхрана.
Добро е да почнете сега, пред да си ги уништите здравјето и метаболизмот“.
„Немојте да се ограничувате поради вашите стравови. Времето минува брзо, па важно е да си ги одредите приоритетите“.
„Отворете штедна сметка – со секоја плата ставајте некоја минимална сума, колку можете, толку“.
„Не ги игнорирајте пријателствата. Многу луѓе се разведуваат во 40-тите години од животот и остануваат потполно сами, без пријатели“.
„Немојте да пиете алкохол како да сте во вашите 20-ти“.
„Ако имате каков било проблем со здравјето, веднаш третирајте го, пред да се претвори во нешто друго. Изгубив многу пријатели од рак во нивните 30-ти и 40-ти. Гледав многу луѓе на кои им се влоши здравјето поради проблеми што не ги третирале.
Телото не ви е отпорно како порано и многу работи можат да тргнат на лошо. Водете подобра грижа за себе и не дозволувајте проблемите да ескалираат“.
Спирова С. | Црнобело
