Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови
Подрум кој бил користен како затвор
„Неодамна купивме куќа и само што забележав дека едната од вратите во подрумот е направена од челик и се отвора само однадвор. Потоа забележав гребаници околу бравата. Има и отпечатоци од стапала на подот, како да се од дете.
Некои отпечатоци се од чевли некои од стапало. Сакам да верувам дека гребаниците на вратата се од куче. Но, начинот на којшто е инсталирана вратата, заедно со стапалата, ме тера да мислам дека некој бил заклучен овде“.
Мумифицирано животно на таванот
„Со другар ми најдовме мумифицирано животно на таванот. Ни кажаа дека веројатно е мачка или нешто слично – порано суеверните луѓе ги ставале како заштита од зли духови. Но, сепак морничаво“.
Човечки заби
„Во двете години што живеам во новата куќа, имам пронајдено четири човечки заби. Кога ги најдов првите два, уште ја средував куќа и не обрнував многу внимание. Но, третиот го најдов во исчистена и реновирана соба, оставен на подот.
Да нагласам дека живеам сама. Вечерва најдов уште еден заб до мојот кревет. Навистина е морничаво“.
Морничави кукли
„Само да ви кажам дека најдов неколку стари морничави кукли во просторот под куќата“
Коски од птици во оџакот
„Татко ми го реновираше тоалетот и во еден од ѕидовите имаше стар оџак. Внатре најде куп скелети од птици“.
Спирова С. | Црнобело
