Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови
Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓате човечки заби…

Домот е место кое сите го гледаме и како засолниште, бидејќи овде се чувствуваме најбезбедно.
Но, некогаш луѓето наоѓаат навистина морничави работи токму во нивните домови.
Овие морничави работи не мора да значат дека им е загрозена безбедноста, но извесен период сигурно ќе ги мислат.
Корисници на Редит ги споделуваат морничавите работи што ги нашле во нивните домови:
Надгробна плоча на бебе
„Татко ми најде надгробна плоча на бебе што починало во 1988 година кога го средуваше дворот во неговата нова куќа.
Беше морничаво, но уште поморничаво е што кога од почит ја премести плочата зад куќа, до неа почна да расте црвен цвет кој цути секое лето“.
Отпечаток од нога на ѕидот
„Минатиот октомври правев генералка во домот, кога забележав отпечаток од стапало на ѕидот, на висина од околу 2 метри, веднаш до вратата за таванот. Се сетив дека дечко ми нешто правеше на таванот, па помислив дека е од него.
Кoга си дојде дома, му реков да го избрише бидејќи беше високо и бидејќи беше од него. Но, прво ме праша што би правел со чевли на таванот, а кога му го покажав отпечатокот, ми кажа дека не е од него. Уште не знаеме како отпечатокот стигнал таму“.
Мрежа од тунели и соби под куќата
„Најдов мрежа тунели под мојата куќа. Има и некои валкани ќебиња, ми личи на крв. Има можеби пет соби, во некои има и електрична инсталација, во некои и вода“.
Чудна дамка во форма на човек
„Разгледував куќи на продажба и во едната, на подот имаше огромна дамка во форма на човек. Веројатно некој починал овде и долго време не бил најден“.
