Очувот ја силувал кога била дете, користела дрога за да се справи со болката: Тажниот живот на богатата наследничка на Гучи
Правнуката на основачот на Гучи, Александра Зарини, го тужи нејзиниот поранеше очув за сексуални напади кои почнале да се случуваат уште кога имал само шест години. Вели дека голем дел од вината паѓа на мајка ѝ, која не ѝ верувала и не ни пробалa да ја заштити.

Александра Гучи Зарини е правнука на основачот на познатиот моден бренд Gucci и еден од попознатите членови на моќното семејство.
Дизајнерот Гучио Гучи ја основал својата фирма уште во 1920-тите, почнувајќи со мала продавница за продукти од кожа како седла за коњи, кожни чанти и други кожни додатоци наменети за јавачи.
Низ годините, брендот се претвори во огромен семеен бизнис вреден милиони, а денес е синоним за висока мода.
По неговата смрт, водството го презедоа неговите синови од кои, пак, има добиено неколку внуци.
Од синот Алдо, тој ја доби внуката Патриција Гучи, која е мајка на Александра Гучи Зарини.
Извесен период Патриција беше единствената наследничка на моќниот бренд, пред да го продаде и да се повлече од семејниот бизнис.
Патриција има три ќерки – Александра што веќе ја спомнавме, како и Алегра и Изабела.
Иако Александра не е дел од семејниот бизнис, периодов е еден од најзборуваните членови на семејството Гучи, и тоа поради траумите што ги трпела во детството.
Не е познато кој е нејзиниот биолошки татко, но кога Александра била дете, мајка ѝ стапила во брак со поранешниот музички продуцент Џозеф Рафало.
И, таа го обвинува за сексуално малтретирање кое почнало кога имала само шест години.
40-годишната наследничка бара оштета од десетици милиони долари од нејзиниот поранешен очув – 85-годишниот Џозеф.
Тој негира, но на судењето беа откриени вознемирувачки и потресни детали за она што го трпела Александра од сопругот на мајка ѝ.
Џозеф имал 50-тина години кога се венчал со мајка ѝ Патриција, и тој период бил алкохоличар и зависник од дрога.
Не му било проблем по дома да шета гол, само со наметка, што било вознемирувачко за ќерките на Патриција, иако пробувал да се претстави како прекрасен очув.
Според адвокатскиот тим на Александра, Џозеф почнал да ја злоставува на само шест-седум години – честопати влегувал во нејзината соба и си ја тргал наметката, а некогаш и ја допирал.
На Патриција ѝ кажувал дека е тутор на ќерка ѝ, па морале да бидат сами во соба за да имале мир додека ја подучувал.