Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш
Зошто работиме осум часа дневно, но и зошто исечениците од хартија болат толку многу?

Иако денес, со помош на Гугл, брзо можеме да го најдеме одговорот на кое и да било прашање, сигурно има некои прашања кои не сте се сетиле да ги изгуглате.
Одговори на шест прашања што сигурно некогаш сте си ги поставиле:
Зошто некои луѓе се левораки?
Бидејќи мнозинството луѓе се деснораки, нормално е да се запрашате зошто кај некои доминанта е левата рака.
Повеќето истражувања укажуваат на тоа дека овој фактор се должи на генетиката и биологијата. Но, не е баш познато што точно е тоа што одредува која рака ќе биде доминантна.
Доминантна страна е забележана и кај некои други ’рбетници и цицачи, а кај некои, мнозинството не ја преферираат десната страна.
Па, нејасно е и зошто кај луѓето почесто десната страна е доминантна. Ова можно е да е под влијание и од околината – во многу култури, користењето на левата рака се користи за неучтиво, па децата кои биле левораки, ги терале да почна да ја користат десната.
Зошто многу боли кога ќе се пресечеме со хартија?
На сите ни се случило да се пресечеме со хартија и сите можеме да се согласиме дека ова е една од најболните исеченици што сме ги почувствувале. Најчудно е тоа што овие исеченици се многу мали, но сепак болката е интензивна.
Една од причините за ова се многуте нервни завршетоци на прстите.
Потоа, на микроскопско ниво, хартијата не е мазна како, на пример, нож, па не ја сече кожата, туку како да ја раскинува. Исто така, осекотините се доволно длабоки за да ја пробијат кожата и да допрат до нервите.
Сите овие фактори ги прават осекотините од хартија особено болни.
Зошто славиме родендени со торта?
Тортата е неизбежен дел од роденденските прослави во скоро секоја култура, а традицијата потекнува уште од древното минато.
Се претпоставува дека славењето на родендените потекнуваа од древните Египќани, но тие не славеле со торти.
Древните Грци најверојатно се оние кои почнале да прават десерти за да ги прослават родендените.
Но, наместо торта, тие правеле колачиња во чест на божицата Артемида кои ги декорирале со свеќи. Па, веројатно одовде традицијата да дуваме свеќички на роденденската торта.
Низ поголемиот дел од историјата, роденденските торти биле луксуз, а почнале да стануваат норма за „обичните“ луѓе дури по индустриската револуција.
Зошто работиме осум часа дневно?
Модерното 8-часовно работно време започнало како движење за време на индустриската револуција.
Дотогаш, луѓето работеле и по 16 часа дневно, шест дена во неделата, а не било невообичаено работниците да бидат и деца.
На почетокот од 19-тиот век, англискиот социјалист Роберт Овен предложил 10-часовен работен ден, а по неколку години поставил почнал да зборува и за пократко работно време.
ТОј го смислил и слоганот што се користи и денес – „Осум часа работа, осум часа рекреација, осум часа одмор“.
Многу синдикати почнале а протестираат и д бараат скратено работно време и со текот на времето почнало да се воведува во земјите ширум светот
Околу првата светска војна, во многу земји, 8-часвното работно време почнало да е регулира и со закон.
Како астронаутите си ја перат облеката?
Одговорот на ова прашање е едноставен – не ја перат.
Во вселената, поточно Меѓународната вселенска станица, нема услови за перење, а и водата треба да се штеди.
Па, астронаутите ја носат истата облека сè додека не е премногу валкана.
НО, бидејќи во вселената нема толку нечистотии и се потат значително помалку, истата облека може да ја носат со недели.
Потоа валканата облека се исфрла од станицата и согорува во земјината атмосфера. Но, поскапата опрема, како скафандрите, се враќа ан Земјата за чистење и поправка.
Зошто фармерките имаат мали џепчиња?
Малите џепчиња на фармерките, дизајнирани од Леви Штраус и Џејкоб Дејвис биле наменети за часовници.
Тој период, во втората половина на 1800-тите, уште се носеле мали часовници со синџирче, па овој додаток на фармерките бил корисен.
Со текот на времето, вакви те часовници се исфрлиле од употреба, па денес џепчињата остануваат како декорација.
Спирова С. | Црнобело
