„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони во кеш“
„Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беше прободен со копје, а потоа му го ставија телото во машина за дробење дрво“, раскажува поранешен ФБИ агент кој со години се инфилтрирал во опасни картели, вклучувајќи го и оној на Ескобар.

Како ФБИ агент, Мартин Суарез успеал да се инфилтрира во картелот на еден од најопасните наркобосови – Пабло Ескобар.
Ризикувајќи си го животот, тој помогнал да се спречи шверц на кокаин во вредност од милијарда долари, но и да се запре една од најголемите операции за перење пари во Јужна Америка.

Досега, поранешниот агент, кој има 70 години, не зборувал за своето искуство. Но, откако добил дијагноза за амиотрофична латерална склероза, решил да ја сподели својата приказна.
Вели дека сака да му покаже на светот на што сè се подготвени агентите од ФБИ за да ги уништат најопасните картели во светот.
Па, ја издаде книгата Inside the Cartel.

Мартин Суарез ја почнал својата мисија во 1988 година. Дотогаш, само еден агент се имал инфилтрирано во картелот на Ескобар – Џо Пистоне, попознат како Дони Браско.
Мартин бил дел од американската морнарица, а на 33-годишна возраст станал дел од ФБИ.
За време на операцијата го користел името Мени и се претставувал како увозник на овошје и зеленчук од Мајами.
Возел Porsche автомобил и имал моторен брод – сето дел од неговиот нов идентитет.

Најпрво со бродот заминал на Бахамите, и овде почнал да соработува со дилерите на дрога.
До 1989 година, ја стекнал довербата на картелот и конечно добил голема задача – му дале 3.000 килограми кокаин од Колумбија кој требало да го пренесе во Мајами.
Вредноста на кокаинот била половина милијарда долари.

Марин ги известил ФБИ за локацијата на складот каде што требало да го носи кокаинот, па веќе следниот ден, агентите направиле рација.
Мартин работел на неколку слични операции, но бидејќи секоја завршувала со рација од страна на ФБИ, друг член на картелот почнал да се сомнева во него.

Агентот пробувал да ги обвини другите членови на картелот, но безуспешно.
Па, членот кој се сомневал побарал да се сретнат во Колумбија.

Од ФБИ сметале дека оваа средба ќе биде премногу ризична за Мартин бидејќи немале како да го заштитат. Мартин, пак, многу добро знаел што им се случува на луѓето кои биле обвинети за предавство.
