Трикови и совети кои ќе ви помогнат да заштедите (ги применуваат и богаташите)
Поправајте ги расипаните предмети
Ако ви се расипе нешто во домот, секогаш прво пробајте да го поправите наместо веднаш да купувате нова замена.
Истото важи и за облеката – ако нешто ви се скине, но може да се среди, зошто да го фрлате?

Проверете каде сè сте претплатени
Сметките за струја и вода се неизбежни. Но, добро размислете за сите други месечни трошоци и претплати.
Ако 3 месеци не сте биле во теретана или не се ни сеќавате кога сте вклучиле Нетфликс, зошто непотребно да плаќате за овие услуги?

Избегнувајте да користите кредитна картичка
Без разлика колкав ви е лимитот на кредитната картичка, не треба да заборавите дека тие пари не се ваши и дека треба да ги вратете со камата.
Кредитната картичка нека ви биде средство за непланирани трошоци, но немојте да ја користите за секојдневно пазарење.

Купувајте работи на старо
Наместо да купите нов автомобил, зошто да не најдете некој половен?
Секојпат кога можете, купувајте работи на старо бидејќи можете да најдете навистина добри зделки.

Спирова С. | Црнобело
