Трикови и совети кои ќе ви помогнат да заштедите (ги применуваат и богаташите)
Ако во моментот имате многу пари, не значи дека треба да ги потрошите сите на скап автомобил. Истовремено не треба да заглавите во долгови за да можете да се пофалите дека имате луксузно уреден дом.

Не секој може да стане милионер, уште помалку милијардер.
Но, факт е дека можеме да научиме нешто од овие луѓе кога се во прашање пари.
Има многу приказни за луѓе кои поседувале милиони, но поради неодговорно однесување, изгубиле сè.
Па, штом некој го стекнал статусот милионер, но успеал и да го задржи, сигурно знае некои трикови што можат да ни бидат од помош.
Овие трикови нема да ве направат милионер, но ќе ве научат како одговорно да се однесувате со вашите пари и, со текот на времето, можеби и да си ја подобрите финансиската состојба.
Како да бидете финансиски поодговорни?
Носете ја истата облека додека е погодна за носење
Брзото менување на модните трендови нè тера да мислиме дека секоја сезона треба да купуваме нова облека.
Во ред е одвреме-навреме да се почастите со нешто, но ако гардероберот ви е полн, зошто постојано да трошите многу пари на нова облека?
Ако некое парче е здраво, не изгледа старомодно и не е избледено, нема потреба да го заменувате со ново, дури и ако сте го купиле пред десет години.

Секогаш имајте фонд за непредвидливи ситуации
Расипан автомобил, сериозен дефект во домот, а некогаш и здравствен проблем – сето ова се работи што не можеме да ги предвидиме, а кои можат да чинат многу.
Затоа, важно е да имате тргнато сума настана за вакви ситуации.
Секој месец кога ќе ја добиете платата, тргајте настрана одредена сума, колку што можете да си дозволите.
Дури и ако оваа сума е помалку од 500 денари, со текот на времето парите ќе се акумулираат и донекаде ќе бидете подготвени ако се соочите со нешто непредвидливо.

Не трошете цело богатство на скапи автомобили
Кога ќе дојдат до повеќе пари, многу луѓе веднаш трошат огромна сума на нов автомобил.
Ова е донекаде разбирливо бидејќи автомобилите се и статусен симбол, но нема да бидете финансиски одговорна личност ако скоро сите пари ги дадете за автомобил.
Автомобилот не е инвестиција, бидејќи вредноста му се намалува.
Во ред е да си купите нов автомобил, но немојте да трошите цело богатство за тоа само затоа што во тој момент имате пари.

Не трошете богатство на уредување на домот
Кога го уредувате домот, секогаш држете се до буџет што можете да си го дозволите.
Не дозволувајте да заглавите во долгови само за да можете да се пофалите дека имате раскошен дом.

