Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото
Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, а со тоа и од болести. Сметале дека ист ефект се постигнува и со пиење лаксативи.

Навистина треба да бидете благодарни за модерната медицина бидејќи пред помалку од еден век, луѓето умирале и од обични настинки.
Немало лекови или вакцини, а неретко лекарите користеле терапии што нанесувале повеќе штета отколку што помагале.
Дел од лудите лекови за настина и грип што се користеле во минатото:
Црвена боја
За време на епидемијата со шпански грип од 1918 година, кога луѓето немале лек или вакцини, почнале да се шират секакви суеверија за наводна заштита од болеста.
Еден од почудните „лекови“ од овој период е црвената боја.
Според некои медицински записи, се проширило верувањето дека црвената боја (на облека и слично) може да заштити од болеста.
Кромид како заштита
Иако кромидот има здрави состојки, постои старо верување од дека штити од болести на малку побизарен начин.
Се верувало дека ако ставите крукчиња кромид околу домот, тој ќе ги „апсорбира“ болестите и ќе го заштити семејството.
Се претпоставува дека верувањето потекнува од средновековна Европа, кога многу луѓе го користеле кромидот како заштита за време на чумата
Испуштање крв
Порано лекарите верувале дека испуштањето крв лекува од низа болести, вклучително и проблеми со срцето, па и демони.
Докторите сметале дека со испуштањето крв, ќе се отстранат токсините и болестите од телото.
Секако, ова не функционирало, а забележани се и случаи кога луѓе умирале бидејќи изгубиле премногу крв од третманот,
Лаксативи
Слично како испуштањето крв, во минатото постоело верување и дека пиењето лаксативи може да го „прочисти“ телото од болести.
Некои лекари препорачувале и пиење мала доза лаксативи наутро превентивно, односно како заштита од настинки и грип.
Покрај тоа што овој лек, очигледно, нема да функционира, пред еден век, многу лаксативи содржеле штетни состојки, што можеле дополнително да го влошат здравјето.
Хероин
Хероинот бил создаден во 1890-тите, во период кога често се користел морфиум и како лек за кашлица, и како рекреативна дрога.
Бидејќи било познато дека морфиумот предизвикува зависност, иронично, хероинот требало да го замени како лек кој не создава зависност.
Кога се појавил на пазарот, почнал да се продава како лек кој го олеснува кашлањето кај лица со заболувања како пневмонија, а лекарите го препишувале и на деца за настинки.
Вдишување (штетни) гасови
Повторно во периодот на епидемијата со шпански грип, се појавило верување дека вдишувањето штетни гасови може да заштити од болеста. Сепак, ова верување било полокализирано и не настрадале многу луѓе.
Група селани од Англија забележале дека работниците кои се изложени на штетни гасови поретко заболувале од шпанскиот грип.
Па, помислиле дека штетните гасови што ги вдишуваат ги штитат од болеста.
Следејќи го ова верување, некои родители почнале да ги носат своите деца во близина на фабрики, наместо на доктор, кога почнале да покажуваат симптоми на грип.
Спирова С. | Црнобело
