Пијат човечка крв, си прават вампирски заби: Бизарно друштво на луѓе кои веруваат дека се вампири
Во Австралија постои таканареченото „друштво на вистински вампири“ кои пиеле човечка крв од донори, а низ светот се забележани и други слични групи. Не е познато која е причината што пијат крв, но сосема возможно е да станува збор за некаков проблем поврзан со менталното здравје. Бизарно, зарем не?

Иако многумина се фасцинирани од митовите и приказните за вампири, сите сме свесни дека овие суштества се само тоа – мит.
Но, на некои луѓе изгледа им е тешко да се помират со оваа реалност, па денес во Австралија постои „тајно друштво на вистински вампири“.
За разлика од митските суштества, овие „вампири“ не се претвораат во лилјаци и не се бесмртни, но затоа, пак пијат човечка крв и имаат вампирски заби (направени кај заболекар).
Од австралискиот медиум News успеале да стапат во контакт со жена која е дел од ова друштво. Жената која се претставува како Кристал живее во Сиднеј и вели дека првпат дознала за друштвото на 18-годишна возраст.
Таа била поканета на забава во раскошна куќа. Забавата ја организирал нејзин пријател, а куќата била на неговиот татко.
На забавата имало многу луѓе, вклучувајќи и членови на друштвото на „вистински вампири“. Кристал вели дека ѝ дале чаша шампањ и откако ја испила, изгубила свест.
Многумина би го опишале ова како дрогирање и можен обид за силување, но Кристал вели дека не се случило тоа. Кога се разбудила, на рацете и вратот имала траги од заби, како кога ќе ве гризне мачка (или вампир).
Иако повеќето би го пријавиле ова во полиција, Кристал вели дека тогаш не го гледала целиот инцидент како проблематичен.
По некое време, била контактирана од личност која била на забавата и оваа личност ѝ кажала за друштвото на вампири, па ѝ понудила да им се придружи. Кристал вели дека прифатила и таму ѝ понудиле човечка крв измешана со пијалак.
„Ми рекоа дека е време да им се придружам. Не може кој било да стане дел од друштвото, туку тие треба да те изберат“.
Кристал вели дека пиеле човечка крв, иако не сподели како, но и дека „вампирите“ се најнормални луѓе.
„Има доктори, медицински, сестри, бизнисмени и музичари. Многу се таинствени и однадвор изгледаат како да имаат најнормални животи“.
Кристал била свесна дека многумина нема да ја сфатат сериозно со оваа приказна, но интересно е што таа не е првата личност која тврди дека имала контакт со луѓе кои мислат дека се вампири.
Постојат вакви друштва каде што луѓето имаат донори кои им даваат да ја пијат нивната крв. Но, ова не го прават како во филмовите, туку донорите ја даруваат крвта со игла – како што би дарувале во центар за донација.
На прашањето зошто некои луѓе го прават ова, одговорот е нејасен.
Можеби станува збор за проблем со менталното здравје, но бидејќи овие лица настојуваат да се држат настрана од јавност, веројатно нема да го дознаеме одговорот.
Од австралискиот медиум сепак успеале да контактираат друга личност која себеси се гледа како вампир и која оди до екстреми со начинот на живот.
„Вампирот“ познат како Дон Џејсон носи облека од викторијанската ера, а си ги има зголемено и песјаците, за да изгледаат како вампирски заби.
Вели дека пие крв само од жени, но, секако, со нивна дозвола.
Истовремено, тој страда од порфирија – заболување на крвта за кое се верува дека е причина за раѓањето на митото за вампирите. Заболувањето, покрај другите симптоми, може да предизвика преголема чувствителност на сонце и бледа кожа - карактеристики што им се припишуваат на митските вампири.
Иако „вампирот“ Дон Џејсон е почуден случај, повеќето луѓе кои се во вакви друштва веројатен само се фасцинирани од вампири и не одат до екстреми со пиење крв.
Бизарно, зарем не?
Спирова С. | Црнобело
