Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна модна кампања
Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Роберт де Ниро (82), кои освен што се филмски легенди, се и добри пријатели повеќе од 50 години, а се обединија во заедничка модна кампања за брендот Moncler, со која потсетуваат дека топлината е во пријателските односи и човечките емоции.

Ал Пачино и Роберт де Ниро кои важат за легенди на филмското платно, но и блиски пријатели, се споија со цел да покажат вистинска топлина и емоции за новата кампања на брендот Moncler.
Слоганот за кампањата гласи Warmer Together (потопло е заедно), па двајцата актери се снимени како седат блиску еден до друг, се смеат и будат топли пријателски емоции со своето заедничко појавување, додека се облечени во последната зимска колекција на луксузната модна куќа.
Кампањата е носталгична и емотивна, а потсетува на вистинското пријателство, поврзаноста и човечката топлина, но и на вистинските вредности кои се вечни и покрај годините кои минуваат.
„Топлината никогаш не се однесувала на надворешноста. Секогаш била за она што се случува внатре. Пријателството е најдоброто нешто што може да го имаш.
Топлината доаѓа од прошетките и разговорите. Од повлекувањето на столчето и разговарањето.
Пријатели, со кои го делиш истиот свет. Едноставно има доверба. И разбирање за животот“ - велат Ал Пачино и де Ниро во видеото.

Погледнете ги видеата кои ќе ви ја стоплат душата:
@nssmagazine @MONCLER brings together Hollywood legends Al Pacino and Robert De Niro in the new Warmer Together campaign, a tribute to warmth, humanity and connection. Watch the two reunite in the video. #moncler #tiktokfashion #alpacino #robertdeniro
♬ suono originale - nss magazine
Преку приказната за нивното пријателство, актерите го прикажуваат она за што брендот се залага 70 години – вниманието, топлината и верувањето дека сите сме подобри кога сме заедно.

Со ова, филмските легенди воедно го прославија и нивното вистинско пријателство, кое трае повеќе од 50 години и надвор од филмското платно.
Во нивната долгогодишна кариера, двајцата заедно се имаат појавено во четири филма: The Godfather Part II (1974), Heat (1995), Righteous Kill (2008) и The Irishman (2019).
Повеќе фотографии од нивната нова кампања за Moncler:




М. М. | Црнобело