Го обвини принцот од Монако за силување, па ја затворија во психијатриска установа: Каде исчезна моделот Карен Мулдер?
Откако Карен Мулдер обвини низа мажи за силување и изјави дека манекенките се третирани како секс робинки, беше затворена во психијатриска установа, а потоа проба да си го одземе животот. Од најплатен модел во светот, денес никој не знае каде и што прави.

Во 1980-тите и 1990-тите, Карен Мулдер важеше за еден од најдобрите и најбараните супермодели.
Соработуваше со брендови како Versace и Chanel, а беше и меѓу првите „ангели“ на Victoria’s Secret.
Но, кога Карен, која по потекло е од Холандија, почна да зборува за мрачната страна на модната индустрија, нејзината кариера беше уништена и денес никој не знае каде и што прави.
Трагичната приказна на некогашниот модел:
Не е позната точната година на раѓање на Карен – некои извори велат 1968, а некои 1970 година. Детството го поминала во Хаг, Холандија, со родителите и сестра ѝ.
На околу 15-годишна возраст, Карен видел натпревар за убавина во весник, но бидејќи тогаш носела протези, не сакала да се пријави.
Сепак, нејзина пријателка, без знаење на Карен, испратила неколку фотографии од неа за натпреварот.
Карен не само што веднаш влегла во финале, туку потоа на натпреварот кој се одржал во Амстердам го освоила второто место.
Со ова, ѝ се отвориле вратите кон модната индустрија и само две години подоцна, била модел за врвни брендови како Valentino и Versace.
Во 1991-ва го имала првото појавување на насловната на Vogue и ја продолжи соработката со најпознатите брендови од светот на модата.
Во меѓувреме, уште на 18-годишна возраст, Карен се венча со францускиот фотограф Рене Босне. Но, се разведоа во 1993 година, кога Карен стануваше уште попозната – самата изјави дека веќе немала време за сопругот.
Потоа почна врска со агент за недвижности кој во средината на 1990-тите беше и нејзин менаџер. Во овој период, Карен стана еден од најплатените модели во светот и заработуваше и до 10.000 дневно.
Таа и менаџерот раскинаа во 1997 година, а веќе до 2000-та, Карен одлучи да ја паузира кариерата како модел.
Карен проба да се пробие во филмската индустрија, но даде и интервју кое ѝ ја уништи кариерата, но и животот.
Во француска емисија, пред публика, Карен изјави дека била силувана од разни мажи, вклучувајќи полицајци, политичари, па дури и од Алберт Втори, принцот од Монако.
Поради сериозните обвиненија, продуцентите на емисијата одлучиле воопшто да не ја емитуваат, па дури и ја избришале снимката.