„Живеам во најстудениот град во светот – училиштата работат и на -50˚C, храната е 3 пати поскапа“
Како ги затоплувате домовите? Колку се дебели ѕидовите? Дали имате камини и колку часа сонце имате во зима?
Повеќето домови имаат централно греење со радијатори со топла вода.
Надворешните ѕидови се со дебелина од 15-20 сантиметри, додека внатре, помеѓу собите се околу 5-10 сантиметри.
Камините се реткост и обично се наоѓаат во стари дрвени куќи, но повеќе како декорација.
Во зима, изгрејсонцето е во 10-11 часот наутро, а зајдисонцето околу 2-3 попладне.
Од каде купувате храна?
Луѓето кои имаат автомобили обично возат до огромни маркети и пазарат таму.
Оние кои немаат автомобил мораат да купуваат храна од помали и поскапи продавници.
Дали храната е многу скапа?
Овошјето и зеленчукот се барем трипати поскапи. Храната која има подолг рок на траење е поскапа, ама не толку. Градот е снабдуван главно со камиони.
Има период кога нема конекција со останатиот дел од земјата околу месец-два (во пролет и есен). Па, понекогаш има недостаток од некои намирници кои не се неопходни, на пример чипс.
Но, се гради мост над реката Лена (што го одделува градот од другиот дел на земјата) и тоа ќе промени многу.
Точно ли е дека ако го исклучите моторот на автомобилот, маслото и другите течности ќе замрзнат и ќе се расипе?
Точно е. Ако некој нема гаража со греење или затоплено паркинг место, тогаш го покрива автомобилот со специјална покривка и го мести на автоматско вклучување. Па, во зима, навечер автомобилот сам се вклучува на секои 10-тина минути.
Има ли проблеми со алкохолизам и зависност кај населението?
Бројот на зависници од дрога е помал отколку во западните делови од земјата.
Но, алкохолизмот беше сериозен проблем, па затоа локалните власти ја ограничија продажбата – се продава само од 14:00 до 20:00 часот.
Спирова С. | Црнобело
