„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага
Виолината Davidoff-Morini Stradivarius
Името Страдивари е едно од најпознатите во музиката и останува запомнето како бренд за виолини со врвен квалитет.
Во 1995 година, од домот на виолинистката Ерика Морини била украдена Stradivarius виолина вредна три милиони долари.
Виолината била направена во далечната 1727 година, лично од Антонио Страдивари, што е причина за нејзината огромна цена.
Виолинистката имала 91 година кога се случила кражбата и набрзо потоа починала. Но, виолината не е најдена до денес.
Црвените чевли на Дороти
Црвените чевли со кои Дороти се враќа дома од земјата Оз се можеби најпрепознатливиот реквизит од филмот The Wizard of Oz.
Во 2005 година, тие беа украдени од музејот „Џуди Гарланд“.
Тој период нивната вредност се проценуваше на 2-3 милиони долари, а анонимна личност понуди награда од 1 милиони за оној кој ќе ги врати назад.
Чевлите беа најдени дури во 2018 година, по што нивната вредност порасна на 3,5 милиони.
Во 2024-та, пак, тие беа продадени на аукција за дури 28 милини долари.
Сликата „Крик“ на Едвард Мунк
Како „Мона Лиза“, и „Крик“ е мошне популарно дело.
Делото го сочинуваат четири слики, од кои најпознатата се проценува на 120 милиони долари.
Сликата е лоцирана во Националната галерија во Осло, а беше украдена во 1994 година, кога беше изложена на изложба во склоп на зимските олимписки игри во Норвешка.
Сликата беше најдена, но потоа повторно беше украдена. Но, и овој пат успеаја да ја најдат и сега повторно се наоѓа во музејот.
Фаберже јајца
Златарот Питер Карл Фаберже направил 50 јајца украсени со злато и скапоцени камења за руското кралско семејство.
Но, јајцата биле изгубени за време на Октомвриската револуција во 1917 година.
По некое време почнале да се појавуваат на црниот пазар и по други места, како пазарчиња за предмети на старо.
Секое од јајцата чини мало богатство, а бидејќи голем дел од нив не се најдени, ова останува една од најскапите кражби во историјата.
Спирова С. | Црнобело