„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага

Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, како и Stradivarius виолина вредна 3 милиони долари, а која уште не е најдена.

mona-liza-i-ushte-6-od-najskapite-predmeti-koi-bile-ukradeni-po-del-ushte-se-taga01.jpg

Кражбите не се нешто невидено, но обично не се како на филм.

Украдено парче облека од бутик, украден лаптоп од нечиј дом, украден паричник на туристичка дестинација – вака изгледаат повеќето кражби.

Но, некои луѓе не се задоволуваат со мал плен, па се осмелуваат да украдат предмети кои чинат милиони, а притоа се и мошне добро обезбедени.

Дел од најскапите работи што биле украдени:

Француски накит од Лувр

На 19-ти октомври 2025-та, четворица крадци успеаја да влезат во музејот Лувр преку балкон и да украдат француски накит кој надлежните го опишуваат како „бесценет“.

Грабежот траел нешто помалку од 10 минути, а крадците си заминале од музејот со круна, ѓердани, обетки, брошови и сличен накит, изработен во 19-тиот век.

Се претпоставува дека украдените предмети вредат над 100 милиони долари.

mona-liza-i-ushte-6-od-najskapite-predmeti-koi-bile-ukradeni-po-del-ushte-se-taga-02.JPG

Сликата „Мона Лиза“

Знаевте ли дека „Мона Лиза“ е толку популарна слика само затоа што била украдена?

Во 1911 година, вработен во музејот, кој потекнувал од Италија, ја украл сликата бидејќи верувал дека треба да се наоѓа во родната земја на Леонардо да Винчи.

Две години успешно ја криел сликата, сè додека не пробал да ја продаде на аукција.

Сликата конечно била вратена во музејот во 1913 година, а бидејќи веќе сите слушнале за кражбата, луѓето масивно почнале да ја посетуваат.

„Мона Лиза“ е слика која се смета за бесценета и, нормално, не е за продажба. Но, сепак, експертите ја проценуваат на повеќе од една милијарда долари.

mona-liza-i-ushte-6-od-najskapite-predmeti-koi-bile-ukradeni-po-del-ushte-se-taga-03.JPG

Емпаер стејт билдинг

Иако звучи бизарно, „крадењето“ на популарната зграда во Њујорк било направено со цел да се разоткрие дупка во законот.

Во 2008 година, весникот New York Daily News испратил лажна документација со чија помош зградата била префрлена на нивната редакција.

Па, тие практично станале сопственици.

Новинарите кои стоеле зад идејата сакале да покажат дека има дупка во законот со кој се регулираат трансакциите во градот.

Секако, тие ја вратиле зградата на сопственикот, а благодарение на нив, законот бил затегнат.

Инаку, вредноста на облакодерот се проценува на околу 1,8 милијарди долари.

mona-liza-i-ushte-6-od-najskapite-predmeti-koi-bile-ukradeni-po-del-ushte-se-taga-4.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg