„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година

Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гледаме тонови на неутрална бела боја, која ќе направи да се чувствувате мирно, спокојно и како да танцувате по облаците, во време кога боите се престимулирани во овој свет. 

belata-kako-spokoj-i-mir-vo-glasniot-svet-pantone-ja-objavi-bojata-na-2026-godina-01.jpg

Институтот за бои Pantone, како и секоја година, така и оваа имаше задача да ја одреди бојата која ќе ја одбележи претстојната 2026-та.

За боја на годината е одбрана Cloud Dancer (11-4201), возвишена и неутрална бела боја, чие присуство делува како шепот на мир и спокој во гласниот свет.

Cloud Dancer бојата, или танцувач по облаци, симболизира смирувачко влијание во општеството, буди вистинска релаксација и фокус, дозволувајќи му на умот да талка и давајќи му креативност да дише.

Од институтот велат дека бојата може да се користи сама по себе, со своите нијанси, но и лесно може да се комбинира со други бои, посебно пастелни и нежни, со кои ќе се создаде хармонија, контраст и простор што дише.

belata-kako-spokoj-i-mir-vo-glasniot-svet-pantone-ja-objavi-bojata-na-2026-godina-02.jpg

Бојата дефинитивно ќе ја гледаме насекаде околу нас и ќе ни создава чувство на добросостојба и леснотија - од уредувања, до модни комбинации и детали. 

Инспирирајте се:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
13 фото-докази дека Јапонија како да живее во друг свет – работи што може да ги видите само таму Спа за мајмуни, балсам за усни со вкус на сланина, луѓе кои дисциплинирано чекаа...

Најчитани неделава