Поранешни затвореници споделуваат како навистина изгледа престојот во затвор
„Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и повеќето луѓе само сакаа да си ја одлежат казната и да се вратат дома“.

Благодарение на филмовите и сериите, факт е дека имаме по малку лажна претстава за тоа како изгледа престојот во затвор.
Сериите како Prison Break и Orange is the New Black можеби реалистично доловуваат некои детали, но генерално, престојот во затвор не е како што си замислуваме.
На Редит, поранешни затвореници ги дискутираат најчестите митови за престојот во затвор:
„Кога се во прашање затворенички, луѓето мислат дека не сакаат да се шминкаат или да изгледаат добро. Мислат дека не би требало да се грижат за изгледот штом се во затвор.
Но, кога изгледате добро, се чувствувате добро. Некогаш сакаме да изгледаме добро и бидејќи имаме посета, треба да се појавиме на суд…“
„Сум слушнал како велат дека на првиот ден во затвор, треба да го најдеш најголемиот и најсилниот затвореник и да го удриш. Ова е најлошиот совет што можете да го добиете.
Нема да излезе ништо добро од тоа. Дури и ако го победите најсилниот во тепачка, си создавате проблеми што не можете ни да ги замислите“.
„Некои луѓе мислат дека по затворска казна, нема живот. Но, јас сум жив доказ дека не е точно – откако ќе излезете од затвор можете да имате и подобар живот.
Никако не советувам да бидете криминалци и да одите во затвор, но ова искуство може да ве натера да станете подобра личност“.
„Нема само да ја отслужите казната и да си одите дома. Вашиот престој во затвор има влијание врз вас и вашето семејство дури и откако ќе ве ослободат. Има период на транзиција. Некогаш има и посттрауматско стресно нарушување.
Има период на адаптација во општеството што може да биде предизвик за некои луѓе“.
„Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и повеќето луѓе само сакаа да си ја одлежат казната и да се вратат дома.
Никој не сака да ја изгуби слободата во затворот, па никој не ни пробува да почнува драма“.
„Воопшто не е точно дека некој ќе ве нападне уште првиот ден. Никој нема да ве допре. Сепак, ова не е филм“.
„Постои мислење дека сите затвореници се опасни луѓе. Ова не е точно и во затворот запознав и некои добри луѓе кои ми се пријатели до денес“.
„Сите ја знаеме шегата дека не треба да ви падне сапунот во затвор. Слушајте, ако ви падне сапунот, не треба да го земате бидејќи тоалетите се валкани. А, и другите ќе ви се смеа поради шегата“.
„Ме прашувале дали лежењето затвор е исто како во Orange is the New Black. Одговорот е и да и не.
Има некои реални работи, но обично е со помалку драма, а искуството е потрауматично“.
Спирова С. | Црнобело