„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багажникот“
Нејзиниот сопруг бил немилосрден и често преземал ризици, па Андреа го предупредувала дека ќе го фатат само поради неговото огромно его.
Таа опишува и ситуација кога сопругот си дошол дома со две мртви тела во багажникот. Но, не го ни прашал кои се убиените бидејќи ѝ било јасно дека ако знае имиња, и самата станува мета.
„Овој живот беше навистина брутален. Мора да бидете многу, многу силни и да имате многу дебела кожа. Дефинитивно не е за слаби луѓе“, вели Андреа.
Животот на Андреа тргнал во друга насока во септември 1992 година – во шест наутро, во нивниот дом упаднале специјалци.
Ја уапсиле Андреа, заедно со уште 20 членови на бандата на нејзиниот сопруг.
Андреа била обвинета за соработка со мафијата, убиства, препродавање дрога… И, се соочувала со доживотна казна затвор.
Претходно нејзиниот сопруг бил затворен, па Андреа била оставена сама на себе.
„Кога сте соочени со вакви обвиненија, добивате доживотна казна затвор. Морав да се грижам за моите деца бидејќи сопругот беше во затвор од раните 1990-ти“.
Андреа поминала шест години во затвор, по што влегла во програма за заштита на сведоци.
Иако одбивала да сведочи, нејзиниот сопруг соработувал со надлежните, па таа била ослободена од обвиненијата.
И, тогаш решила да си го промени животот, да почне одново и да го остави минатото зад себе.
Со четирите деца се преселила во Пенсилванија, почнала редовно да оди во црква, па дури и напишала мемоари.
И нејзиниот сопруг бил ослободен по шест години, по што влегол во програма за заштита на сведоци.
Како неа, и тој сакал да се тргне настрана од криминалното минато и иако неколкупати ја контактирал Андреа, на нивниот брак веќе му дошол крајот.
Андреа денес е задоволна од својот живот, но вели дека некои луѓе не ѝ веруваат кога јавно ја споделува својата приказна.
„Има луѓе кои на улица ме нарекуваат лажга. Не знаат низ што поминав“.
Таа истакнува и дека животот на жените на мафијашите е далеку од гламурозен.
„Парите, начинот на живот, накитот… сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е воопшто. Многу е тажно и за жените и за децата“.
Спирова С. | Црнобело
