„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багажникот“

„Парите, начинот на живот, накитот… сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е воопшто“, раскажува Андреа Џиовино која била во брак со ирски мафијаш, поради кој поминала шест години во затвор, без разлика што не му помагала во ништо нелегално.

bev-vo-brak-so-mafijash-zhiveev-vo-raskosh-no-toj-si-doagjashe-doma-so-krv-na-chevlite-i-tela-vo-bagazhnikot-01.jpg

Животот на Андреа Џиовино наликувал на серијата Sopranos или некој филм на Мартин Скорсезе.

Двапати била во брак со мафијаш и додека уживала во раскош, насилството било дел од нејзиното секојдневие.

За магазинот The Sun, Андреа, која денес е во своите доцни 60-ти, ја споделува својата луда животна приказна.

Вели дека имало ситуации каде нејзиниот сопруг си доаѓал дома со мртви тела во багажникот од автомобилот, и справувањето со убиства како да ѝ станало норма.

„Нормалните луѓе не се соочуваат со ова. Мене ми требаа 30 години да закрепнам од сето тоа“, вели Андреа.

bev-vo-brak-so-mafijash-zhiveev-vo-raskosh-no-toj-si-doagjashe-doma-so-krv-na-chevlite-i-tela-vo-bagazhnikot-08.JPG

Родена во Бруклин, Андреа вели дека пораснала опкружена со мафијаши. Нејзината мајка организирала коцкарски игри со во нивниот подрум, па уште од детството гледала некои од најозлогласените мафијаши во Бруклин.

Додека да наполни 20 години, веќе и таа почнал да се плетка со нив.

На 21-годишна возраст, се венчала со колумбискиот мафијаш Франк Лино, без разлика што бил 24 години постар од неа.

Откако се разделиле во 1980-та, Андреа почнала врска со друг мафијаш – Марк Рејтер.

bev-vo-brak-so-mafijash-zhiveev-vo-raskosh-no-toj-si-doagjashe-doma-so-krv-na-chevlite-i-tela-vo-bagazhnikot-06.JPG

Иако била млада жена, Андреа не дозволувале да биде понижувана. Била подготвена и физички да се обрани, па почнале да ја нарекуваат „карпа“.

Дури и познатиот мафијаш Џон Готи за Андреа имал изјавено дека имала повеќе храброст од неговите вработени.

Во 1985 година, Андреа го запознала вториот сопруг, ирскиот мафијаш Џон Фогарти.

Се венчале во 2010 година, добиле две деца и живееле во раскош за каков повеќето може само да сонуваат.

Сепак, зад целиот гламур се криело само насилство и ништо друго.

bev-vo-brak-so-mafijash-zhiveev-vo-raskosh-no-toj-si-doagjashe-doma-so-krv-na-chevlite-i-tela-vo-bagazhnikot-05.JPG

Сопругот Џон честопати си доаѓал дома со крв на чевлите, па Андреа морала да го моли да ги остава надвор за да не ја извалка куќата.

Вели дека се навикнала на насилството околу неа, што поважно ѝ било да не ѝ се извалка домот, отколку тоа што сопругот е убиец.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg