Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс
Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарлс, туку само се ракувала со него, без разлика што бил само дете.

Кралот Чарлс пораснал со многу привилегии, па разбирливо е ако не ви се верува дека имал и тешки периоди во животот.
Како наследник на тронот, Чарлс бил подготвуван да ја преземе титулата уште од детството и немал многу избор да одлучува што сака да прави во својот живот.
Неговото детство било сè освен нормално, а на моменти сигурно било и тешко.
Тажни детали од детството на кралот Чарлс:
Кралицата Елизабета била емоционално недостапна мајка
Елизабета се покажа како посветена кралица која Британците долго ќе ја помнат.
Но, поради бројните работни обврски, некогаш потфрлала како мајка.
Кралицата речиси постојано патувала и испуштила некои од најважните моменти од детството на Чарлс.
Тој, пак, минувал толку време со неговите дадилки што според некои извори, првиот збор му бил „нана“ (од nanny – англискиот збор за дадилка).
Кога сепак минувала време со Чарлс, Елизабета била ладна.
Настан кој го истакнува ова е враќањето на Елизабета од шестмесечна турнеја. Кога пристигнала во Лондон, таа се ракувала со Чарлс наместо да го прегрне, без разлика што бил само дете.
И покрај ова, Чарлс отсекогаш имал само добро зборови за неговата мајка.
Има изјавено дека таа била постојана потпора во неговиот живот, без разлика што често отсуствувала.
Ја користи секоја можност да ѝ искаже благодарност и вели го цени сето она што го направила за него.
Татко му Филип бил многу строг
Кралот Чарлс е опишуван како чувствително дете – целосна спротивност на неговиот татко Филип.
На Филип не му се допаѓало ова, па правел се во негова моќ за да го „претвори Чарлс во маж“. Го омаловажувал, го навредувал, па дури и го испратил во интернат, далеку од семејството.
„Тој е романтичар, а јас сум прагматичен. Ова значи дека различно гледаме многу работи“, има изјавено Филип.
Бидејќи Елизабета честопати била отсутна, Чарлс минувал многу повеќе време со татко му кој ја користел секоја можност да го воспита.
Но, дури и пријателите на Чарлс сметале дека татко му Филип е престрог.
И покрај ова, Чарлс неколкупати има изјавено дека татко му имал голем удел во неговиот академски успех, како и дека му е благодарен што го воспитал.
