Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс
Бил жртва на булинг
Во интернатот каде што бил испратен Чарлс, имало многу насилници, а како чувствително момче, тој им бил жртва.
„Ние не го задевавме на часовите, но на теренот за рагби, некоо ученици го напаѓаа, го влечеа за уши и го удираа. Постојано беше мета“, има изјавено негов соученик.
Иако училишните денови биле далеку од убави за Чарлс, тој има изјавено дека сето тоа вредело.
Во една пригода дури и го бранеше училиштето од лошите шпекулации.
„Секогаш сум изненаден од лошите работи што се зборуваат за училиштето и клишеата што му се припишуваат.
Јас верувам дека одењето во ова училиште ми помогна да научам многу за мене, за она што сум способен и за она што не сум способен“.
Никогаш немал приватност
Како иден крал, Чарлс привлекувал внимание уште од неговото раѓање.
Не само што го бркале папараци, туку морал да чита и критики, дури и за својот изглед, додека бил само дете.
На пример, во 1958-ма, кога Чарлс имал девет години, британски магазин објавил писма од читатели кои го споредувале кралот со карикатури и ликови од цртани филмови.
Поради ова, кралот до денес чувствувал презир кон некои британски медиуми.
„Искрено не знам да бидам изведувач. Мислам дека сум многу приватна личност“, има изјавено кралот.
Спирова С. | Црнобело
