Семејство од САД ја украсува истата елка цела 42 години: „Веќе е дел од нашето семејство, еднаш ја спасивме и од пожар“
Семејство од Калифорнија цели 42 години ја кити истата елка за празничната сезона. Тие имаат природна елка што ја купиле во далечната 1983 година, а по празниците ја чуваат во дворот, во голема саксија. Откако добиле деца, ја продолжиле традицијата и со нив.

Ретко кој купува нова елка секоја година, но генерално сите ги заменуваме старите по неколку години.
Сепак, ова не важи за пар од Калифорнија кој веќе 40 години ја украсува истата елка за празничната сезона.
За разлика од кај нас, Американците обично купуваат живи, односно природни елки. Па, ова ја прави приказната на парот уште пофасцинантна.
Џо и Џина Мистрета ја купиле нивната елка пред точно 42 години. Ја украсуваат во домот во голема саксија, а по завршувањето на празниците јa ставаат во нивниот двор. Следната година повторно ја украсуваат дома.
Џо и Џина ја купиле елката во 1983 година и тогаш била толку мала, што на неа едвај закачиле неколку сијалички.
Кога завршиле празниците, решиле да не ја фрлаат, туку да ја стават во дворот.
„Ја одржавме во живот 42 години. Во нашето семејство немало друга елка“, раскажува Џина.
Неколку години подоцна, тие добиле два сина, па ја продолжиле традицијата со нив.
„Навистина ни е убаво кога ја гледаме елката и радосни сме што ја одржавме во живот толку долго. Оваа елка е дел од целите наши животи“, вели едниот од синовите на парот.
Секако, елката бара одржување во текот на целата година, а како што расте, им станува и потешко да ја внесат внатре.