Семејство од САД ја украсува истата елка цела 42 години: „Веќе е дел од нашето семејство, еднаш ја спасивме и од пожар“
Само за елката, Џина и Џо направиле поголема влезна врата, за да можат да ја внесат во домот.
Истовремено, ја пресадувале четирипати, а една година се запалила, но успеале да ја спасат.
И лампионите на елката имаат сентиментална вредност за семејството – велат дека се како „временска капсула за нивните животи“.
Тие не купуваат комплети лампиони, туку ја украсуваат со лампиони и декорации што ги собирале низ годините, вклучувајќи и украси што ги добивале ако подароци.
Парот раскажува дека елката сведочела и на тажни моменти од нивните животи – на пример, кога на 13-годишна возраст нивниот син бил дијагностициран со леукемија.
Но, повторно пред истата елка, пет години подоцна, тие дознале и дека ракот е во ремисија.
„Не сакам да звучам лудо, но за нас ова е многу повеќе од обично дрво. Веќе е дел од нашето семејство“, вели Џина.
Нормално, тие не планираат да ја заменуваат елката со нова, а во прилог им оди и што типот на дрво што го имаат може да живее од 150 до 300 години.
Џина признава дека елката не е совршена и се шегува дека повеќе изгледа како „новогодишна грмушка“, но за нив токму ова ја прави уште поубава.
„Божиќ го славиме како празник, но навистина овој празник е нешто што го чуваме во срцето во текот на целата година.
Помислете што правиме околу Божиќ – подобри сме кон другите, подарежливи. Ова се работи што ние како семејство ги правиме во текот на секоја година.
И, ако сите луѓе го прават ова, тогаш Божиќ нема да биде само ден што го славиме, туку ќе биде нешто многу повеќе“, вели Џо, сопругот на Џина.
Спирова С. | Црнобело