„Се вљубив во затвореник и му помогнав да избега од затвор во кафез за куче – 12 дена се криевме во колиба“

По инцидентот, Тоби била децидна дека ќе ја прекине програмата. Но, тогаш добила повик од Џон кој ѝ понудил да ѝ биде обезбедување додека е во затворот.

Тоби продолжила со програмата и почнала да се зближува со Џон.

se-vljubiv-vo-zatvorenik-i-mu-pomognav-da-izbega-od-zatvor-vo-kafez-za-kuche-12-dena-se-krievme-vo-koliba-03.JPG

Тоби почнала да му зборува и за проблемите во бракот, како и да размислува за развод.

По неколку месеци, Џон ја прашал дали би била со него доколку не бил во затвор. Кога Тоби му одговорила со „можеби“, Џон почнал да прави план за бегство.

Тоби била таа што ги носела кучињата од затворот во нивните нови домови. Но, бидејќи чуварите никогаш не ги проверувале кафезите во нејзиното комбе, Џон добил идеја да се скрие во кафез.

Тој ослабел 11 килограми за да го собере во кафезот и во февруари 2005 година, го извршиле бегството.

Тоби извадила голема сума од нејзината заштеда, купила ново комбе и со Џон тргнале кон друга американска држава.

se-vljubiv-vo-zatvorenik-i-mu-pomognav-da-izbega-od-zatvor-vo-kafez-za-kuche-12-dena-se-krievme-vo-koliba-02.JPG

Поминале 12 дена криејќи се во кабина, но Џон почнал да мечтае за тоа да го истражува светот.

Сепак, поминал години во затвор и не сакал да биде затворен на едно место штом успеал да избега.

Тоби се согласила да излезат, па отишле во трговски центар. Но, овде двајца полицајци ги препознале и кога се враќале кон кабината, биле затекнати од неколку полициски автомобили.

Џон, кој управувал со комбето што го купила Тоби, се обидел да избегаат, но удрил во дрво.

se-vljubiv-vo-zatvorenik-i-mu-pomognav-da-izbega-od-zatvor-vo-kafez-za-kuche-12-dena-se-krievme-vo-koliba-05.JPG

Тоби изгубила свест, а кога се разбудила видела како полицајците го внесуваат Џон во полициски автомобил. Ова било последен пат што го видела.

За бегството, Џон добил уште 10 години зад решетки, додека Тоби била казнета со 27 месеци во затвор. Во овој период се развела од сопругот.

Кога ја ослободиле во 2008-ма, повотрно стапила во брак и вели дека новиот сопруг никогаш не ја третирал лошо како првиот.

Тој дури и ја охрабрувал да зборува за авантурата со Џон.

se-vljubiv-vo-zatvorenik-i-mu-pomognav-da-izbega-od-zatvor-vo-kafez-za-kuche-12-dena-se-krievme-vo-koliba-07.JPG

Џон починал во 2024 година, а Тоби вели дека не се срами од своето минато.

„Мислам дека Џон ме сакаше на начин на којшто можеше да сака во тој период. Сепак, и тој беше скршена личност.

Не можам да го променам минатото. Ја сакам личноста којашто сум денес и мислам дека немаше да станам оваа личност ако не поминев низ сето тоа“.

Што се однесува до дијагнозата со рак, Тоби успеала да ја победи болеста.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава