Голите фотки на Меланија, пријателството на Доналд и Епстин: Скандалите од кои семејството Трамп не може да избега
Иако денес разголените фотки како да станаа норма, Меланија се соочи со критики поради провокативните фотосесии од младоста, најмногу бидејќи е прва дама на САД. Доналд Трамп, пак, уште е „под лупа“ за неговото пријателство со педофилот Џефри Епстин.

Семејството Трамп е едно од најпознатите, но и најмоќните во светот.
А, со толку многу пари и толкава популарност, дури и очекувано е членовите да се соочуваат со скандали.
Кои се скандалите од кои не можат да избегаат?
Доналд Трамп ѝ платил на порно актерка за да молчи
Еден од најпознатите скандали на Доналд Трамп е оној со порно актерката Сторми Даниелс.
Според неа, таа и Доналд спиеле заедно кратко откако Меланија го родила Барон.
Кога Доналд првпат се кандидира за претседател во 2016 година, на актерката ѝ дал 130.000 долари за да молчи за аферата.
Во 2023 година, американскиот претседател беше изведен пред суд, а за време на судењето се спомна уште една наводна афера со Плејбој модел.
Според она што се кажа во судницата, аферата на Доналд и Плејбој моделот траела неколку месеци, а таа планирала и да ја раскаже целата приказна за американски медиум.
Иако за ова добила 150.000 долари, приказната никогаш не била објавена.
Доналд Трамп беше прогласен за виновен бидејќи на нелегален начин се обидувал да ги скрие парите што ѝ ги дал на порно актерката.
По пресудата, тој поднесе жалби и стои на ставот дека е невин и дека целиот случај бил „лов на вештерки“.
Скандалозните изјави на Доналд во аудиоснимка
Во 2016 година, додека ја водеше претседателската кампања, The Washington Post објави снимка од Доналд Трамп во која тој открива како им се „додворува“ на жени.
Снимката е од разговор со водителот Били Буш, а тие двајца не знаеле дека микрофоните им се вклучени.
„Само почнувам да ги бакнувам. Ги бакнувам. Не ни чекам. И кога сте ѕвезда дозволуваат. Можеш да правиш сè. Да ги фатиш за половиот орган“, се слуша Доналд.