Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп

„Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавено поранешен вработен во Белата куќа.

preplashen-e-od-nea-taa-ima-dechko-najludite-teorii-na-zagovor-za-brakot-na-donald-i-melanija-tramp-01.jpg

Како еден од најпознатите парови во светот, нормално е да има секакви гласини за бракот на Доналд и Меланија Трамп.

Голем дел од нив се инспирирани од „ладнокрвниот“ изглед на Меланија кога се заедно, а некои, пак, се споделени и од нивни поранешни вработени и познаници.

Дел од најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија:

Нивниот брак е „трансакциски“

Одамна постојат гласините дека Доналд и Меланија не се венчале од љубов, туку бидејќи и двајцата имаат некакви придобивки од бракот.

Ова го тврди и поранешната најдобра пријателка на Меланија, Стефани Винстон Волков:

„Верувам дека нивниот брак е трансакциски од многу причини, и двајцата добила многу од оваа врска.

Кога Меланија се венча со Доналд, ѝ се исполни желбата да биде модел кој ја красел насловната станица на Вог.

Кога Доналд се венча со Меланија, успеа да се ослободи од репутацијата на ’женкар“.

preplashen-e-od-nea-taa-ima-dechko-najludite-teorii-na-zagovor-za-brakot-na-donald-i-melanija-tramp-10.JPG

Кога минуваат низ кризен период, Меланија бара промени во предбрачниот договор

Сигурно веќе сте слушнале за гласините дека Меланија го уценувала Доналд да го промени предбрачниот договор ако сака и таа да живее во Белата куќа со него.

Според некои извори, ова не е првпат првата дама на САД да ја искористи оваа тактика.

Односно, секојпат кога има простор за уцени, го терала Доналд да прави промени во договорот во нејзина корист за таа потоа да му ги исполни барањата.

preplashen-e-od-nea-taa-ima-dechko-najludite-teorii-na-zagovor-za-brakot-na-donald-i-melanija-tramp-11.JPG

Имаат одвоени животи

Освен на важни настани на кои мора да присуствуваат како пар, Доналд и Меланија ретко се забележувани заедно во јавност.

А, некои веруваат дека ова се случува и зад затворени врати.

„Не знам ниту еден друг пар кој минува толку време одделно…

Таа самотник, тој е самотник, па и двајцата се среќни кога не се заедно“, тврди писателка која има напишано биографија за Меланија.

preplashen-e-od-nea-taa-ima-dechko-najludite-teorii-na-zagovor-za-brakot-na-donald-i-melanija-tramp-06.JPG

Меланија го држи Барон понастрана од Доналд што е можно повеќе

Некои извори тврдат дека Доналд и Барон воопшто не се блиски, а главниот виновник за ова била Меланија.

„Доналд нема никаков однос со син му, не зборува со него. Барон воопшто не е дел од неговиот живот, иако живеат заедно“, има изјавено поранешната другарка на Меланија.

Од друга страна, Меланија најголем дел од времето му посветувала на Барон.

„Тој е нејзиниот свет. Горда е на него и таа ги носи сите одлуки за него и неговата иднина“.

preplashen-e-od-nea-taa-ima-dechko-najludite-teorii-na-zagovor-za-brakot-na-donald-i-melanija-tramp-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg