Голите фотки на Меланија, пријателството на Доналд и Епстин: Скандалите од кои семејството Трамп не може да избега
Ивана Трамп тврдеше дека била сексуално нападната од Доналд
Поранешната сопруга на Доналд Трамп која почина во 2022-ра, го имаше обвинето претседателот дека ја силувал.
Доналд го негираше ова, а додека се разведуваа, неговата одбрана тврдеше дека е невозможно маж да си ја силува сопругата.
Неколку децении подоцна, Ивана реши да го повлече обвинението.
„Неодамна прочитав коментари од мене, пред речиси 30 години, во напнат период додека се разведував од Доналд. Во приказната нема вистина.
Јас и Доналд сме најдобри пријатели и заедно имаме три деца кои многу ги сакаме“, сподели таа во 2015-та.
Прочитајте и: Од инструкторка по скијање, до разгалена богаташка: Колку се промени животот на Ивана Трамп по бракот со Доналд?
Разголените фотки на Меланија Трамп
Пред да се венча со Доналд, Меланија Трамп работеше како модел. Во 2000 година, за магазинот GQ, Меланија направила провокативна фотосесија во приватниот авион на Доналд.
Бидејќи Меланија е прва дама на САД, фотките се сметаа за скандалозни, но не колку оние од фотосесија од 1990-тите.
На овие фотографии, Меланија е потполно гола и се прегрнува со друга жена.
Иако денес голотијата како да станува норма, титулата што ја носи Меланија беше причина зошто се соочи и со критики за фотографиите.
Доналд Трамп Џуниор ѝ бил неверен на поранешната сопруга
Во 2018 година, сопругата на синот на Доналд, Ванеса, поднесе барање за развод по 12 години брак.
По вестите за разводот, почна да се шпекулира дека Трамп Џуниор ја изневерил Ванеса уште во 2011-та.
Потоа Трамп Џуниор почна врска со новинарка од Fox News, а се свршија во 2020-та.
Но, во 2024-та се дозна за уште една афера на синот на Трамп, па свршувачката беше раскината.
Познанството на Доналд и педофилот Џефри Епстин
Кога јавноста дозна за злоделата на Џефри Епстин, под лупа беше ставен и Доналд Трамп поради неговото пријателство со педофилот.
Од нив има бројни заеднички фотографии, а некои жртви на Епстин тврдат дека биле напаѓани и од Доналд.
Претседателот негира дека имал каква било поврзаност со злоделата на Епстин, додека јавноста чека да бидат објавени сите документи од целиот случај.
Освен Епстин (кој изврши самоубиство во затворот) и неговата девојка Гислејн Максвел која е во затвор, досега не е обвинет никој друг.
Спирова С. | Црнобело