Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранешниот диктатор на Сирија?
Поранешниот сириски претседател, кој го споредуваа со диктатор, по падот на неговиот режим избегал во Русија каде наводно живее во раскош. Нови извори, пак, велат дека додека бил во Сирија, имал љубовница која му носела други жени, неретко и сопруги на негови офицери, за да спие со нив. И, на крај ја убил.

Башар ал-Асад беше претседател на Сирија од 2000, па сè до 2024 година откако присилно беше тргнат од позицијата.
Башар ја наследи претседателската титула од неговиот татко, а неговото владеење се споредуваше со диктатура.
Додека тој беше на власт, во Сирија имаше голема цензура, погубувања и мачење, мистериозни исчезнувања на луѓе, но и шпионирање на граѓаните.
Сега, пак, се споделуваат нови детали од неговиот приватен живот според кои поранешниот претседател бил опседнат со секс, а имал и љубовница која му договарала средби со сопругите на неговите офицери.
Истовремено, Башар бил опседнат со игри за смартфон, па додека неговата држава се распаѓала, тој го минувал времето играјќи Candy Crush.
За магазинот The Atlantic, неколку извори велат дека Башар бил позаинтересиран за видеоигри и секс со разни жени, наместо да го спаси својот режим.
Башар има сопруга, Асма, но изворите тврдат дека љубовница му била новинарката Луана ал-Шибл.
И, токму таа му договарала средби со други жени, вклучувајќи ги сопругите на неговите најблиски соработници.
Изворите се сомневаат дека Башар е одговорен и за смртта на новинарката.
Во 2024-та, таа беше пронајдена мртва во нејзиниот автомобил, на автопат во близина на Дамаск. Автомобилот речиси и да не бил оштетен, но новинарката имала смачкан череп.
Тогаш надлежните во Сирија тврдеа дека загинала во сообраќајка, но до денес постојат шпекулации дека Башар бил тој што го нарачал нејзиното убиство.
Во последните денови пред падот на неговиот режим, изворите велат дека Башар живеел во заблуда и се однесувал арогантно.
Ги убедувал соработниците дека сè е во ред и дека ќе си ја врати контролата, а во меѓувреме ја одбивал помошта од државите сојузнички.
Додека Сиријците протестираа против неговиот режим, на крај Башар побегна од Сирија и останува мистерија каде е.
Новите извори, пак, велат дека не сакале да веруваат дека Башар побегнал и ги оставил бидејќи тоа значело дека е кукавица.
