Поради деформитет имал само 2 прста на дланките, го убил свршеникот на ќерка му: Мрачната приказна за „момчето јастог“

Грејди Стајлс се родил со редок деформитет поради што му недостасувале трите средни прста на двете дланки. Го нарекувале „момчето јастог“ и бил ѕвезда во циркуски „шоуа за чудаци“. Но, Грејди бил и насилен – свирепо ја малтретирал сопругата, а го убил и свршеникот на неговата ќерка.

od-dzvezda-vo-shou-za-chudaci-do-nasilnik-i-ubiec-mrachnata-prikazna-za-momcheto-jastog-grejdi-stajls-01.jpg

Во минатото, најпопуларните циркуски точки биле таканаречените „шоуа за чудаци“.

Ѕвездите на овие шоуа биле луѓе со разни физички деформитети кои им биле вродени или ги стекнале подоцна во животот.

Дел од вакво шоу бил и Грејди Стајлс кој бил познат како „момчето јастог“.

od-dzvezda-vo-shou-za-chudaci-do-nasilnik-i-ubiec-mrachnata-prikazna-za-momcheto-jastog-grejdi-stajls-09.JPG

Со генерации, во семејството Стајлс се раѓале деца со ектродактилија – вродена мана на дланката и раката поради која има недостаток на неколку прсти.

И Грејди се родил со овој деформитет, поради што ги немал трите средни прста на дланките.

Семејството Стајлс го користело деформитетот како можност за заработка, па уште во 1800-тите, оние кои биле родени со маната биле дел од циркуски шоуа.

Во раниот 20-ти век, тие биле познати како „семејството јастози“ и биле меѓу најпопуларните циркусанти.

И Грејди продолжил со истата професија, но ќе остане запомнет насилник и убиец.

od-dzvezda-vo-shou-za-chudaci-do-nasilnik-i-ubiec-mrachnata-prikazna-za-momcheto-jastog-grejdi-stajls-05.JPG

Детали за животот на Грејди Стајлс:

Грејди бил роден во јуни 1937 година и дотогаш неговиот татко веќе бил познат по шоуата за чудаци.

За разлика од неговите браќа и сестри, деформитетот на Грејди бил многу посериозен – покрај дланките, тој имал деформитет и на стапалата поради што не можел да оди.

Најчесто користел инвалидска количка, но некогаш се движел и со помош на рацете, влечејќи си го телото по земја.

Поради ова, Грејди имал импресивна физичка сила, нешто што ќе му помогне во насилството што ќе го врши подоцна.

od-dzvezda-vo-shou-za-chudaci-do-nasilnik-i-ubiec-mrachnata-prikazna-za-momcheto-jastog-grejdi-stajls-08.JPG

Како и многу циркуски артисти, Грејди и семејството патувале низ САД и заработувале мошне добро.

Грејди пораснал опкружен со други артисти, а кога бил млад, се вљубил во девојка која работела во циркус – Марија (или според некои извори Мери).

Љубовта била обострана, па Грејди и Марија се венчале и добиле две деца.

od-dzvezda-vo-shou-za-chudaci-do-nasilnik-i-ubiec-mrachnata-prikazna-za-momcheto-jastog-grejdi-stajls-04.JPG

Како што децата растеле, Грејди почнал да пие и станал насилен кон сопругата и децата.

Но, семејното насилство не било најголемото зло на Грејди.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава