Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерувал со братучетка
Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, била гениј исто како и физичарот. По непланирана бременост, морала да се откаже од своите соништа, но низ годините продолжила да му помага на Ајнштајн во неговите научни трудови. Некои веруваат и дека без неа, тој никогаш не би ја завршил својата Теорија на релативност и не би бил ѕвездата што ја знаеме денес.

Сите знаеме кој е Алберт Ајнштајн – генијалниот физичар и нобеловец најпознат по неговата Теорија за релативноста.
Но, малкумина слушнале за неговата прва сопруга, Србинката Милева Мариќ, чиј удел во работата на физичарот е далеку од занемарлива.
Некои сметаат дека без помошта од Милева, Ајнштајн не би бил толку познат и успешен, но нејзиното име секогаш било изоставано и ретко кој знае колку всушност жртвувала за него.
Па, која била Милева Мариќ?
Милева била родена во 1875 година, во српскиот град Тител кој тогаш бил на територија на Австроунгарија.
Потекнувала од богато семејство, а уште од најрана возраст се истакнувала на училиште.
Во 1982 година, додека била во средно, татко ѝ ги искористил неговите врски, па Милева станала единствената ученичка на која ѝ било дозволено да учи и физика.
По средно, Милева се запишала на технички факултет во Цирих (денес познат како ETH) на одел физика и математика.
Во генерацијата на Милева биле вкупно пет студенти, од кои еден бил Алберт Ајнштајн. Милева, пак, била единствената жена.
Милева и Алберт почнале да учат и да истражуваат заедно, па набрзо се вљубиле и почнале врска.
Но, иако Ајнштајн бил генијот, Милева имала подобри оценки на испитите од него.
Сепак, на дипломскиот испит во 1900 година, Милева потфрлила на усното испрашување, па дипломирале сите четворица мажи од генерацијата, освен таа.
По завршувањето на студиите, иако Ајнштајн имал импресивна диплома, сепак не можел да најде работа.
Па, со Милева заедно правеле истражувања со надеж дека тој ќе најде работа, но и дека таа ќе може да го заврши факултетот.
Но, кога би објавен нивниот прв заеднички труд, како автор бил потпишан само Ајнштајн.
Иако тој период физичарот и Милева биле среќни, семејството на Ајнштајн се противело на нивната врска.
Имено, Милева била четири години постара од него, и тие сметале дека додека да заврши со студии, ќе биде премногу стара за него.
Но, Ајнштајн ги игнорирал, иако одбивал да се венча со Милева сè додека не си најде работа.
Во 1901 година, една година откако дипломирал, Ајнштајн, заедно со Милева, почнал да работи на ново истражување кое ветувало многу.
Ова е истражувањето што подоцна ќе стане неговата Специјална теорија за релативноста, па затоа се верува дека Милева има голем удел во успехот на физичарот.
Но, истата година Милева останала бремена и ова ѝ ги попречило сите планови.
Пробала уште еднаш да го полага дипломскиот испит, но професорот, кој бил маж, не ѝ дозволил да положи.
