Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерувал со братучетка

Овој период Ајнштајн уште бил без работа и одбивал да се венча со неа, и покрај бременоста.

Па, Милева се вратила во родната Србија за да се породи.

zaboravenata-sopruga-od-srbija-na-ajnshtajn-mu-gi-reshavala-matematichkite-problemi-toj-ja-izneveruval-so-bratuchetka-02.JPG

Не е познато што се случило со првото дете на Милева и Ајнштајн бидејќи за него нема никакви записи. Постои теорија дека умрело мало или дека физичарите го дале на посвојување.

Кратко по раѓањето на детето, Ајнштајн конечно нашол работа, па ѝ ветил на Милева дека ќе се венчаат во 1904 година.

Добиле два сина и иако Милева се откажала од својата кариера, му била од огромна помош на Ајнштајн додека тој работел.

zaboravenata-sopruga-od-srbija-na-ajnshtajn-mu-gi-reshavala-matematichkite-problemi-toj-ja-izneveruval-so-bratuchetka-04.JPG

Во 1905 година, Ајнштајн објавил дури пет научни трудови, а за сите добивал помош од Милева. Кога, пак, станал професор во Цирих, Милева била таа која му ги организирала предавањата.

Милева одговарала и на писмата што ги добивал физичарот од други физичари, како Макс Планк.

Со текот на времето, Ајнштајн станувал сè попознат во научните кругови, но наводно Милева почнала да се грижи дека толкавата популарност ќе се одрази лошо на неговиот карактер, но и на нивниот брак.

Ајнштајн воопшто не ја ценел помошта што ја добивал од Милева, а до 1912 година почнал и афера со негова братучетка (која подоцна ќе му стане втора сопруга).

zaboravenata-sopruga-od-srbija-na-ajnshtajn-mu-gi-reshavala-matematichkite-problemi-toj-ja-izneveruval-so-bratuchetka-08.JPG

Во писмата што ѝ ги пишувал на љубовницата, Ајнштајн изјавил:

„Ја третирам мојата сопруга како вработен што не можам да го избркам. Имам моја спална соба и избегнувам да бидам насамо со неа“.

До 1914 година, Милева и Ајнштајн почнале да разговараат за развод, но физичарот ѝ рекол дека ќе остане со неа ако исполнува неколку услови.

Наводно, тој барал од неа да му ја пере и средува облеката, да му готви трипати дневно и да му ги носи оброците во неговата соба, како и да не разговара со него и приватно да бидат разделени.

Но, побарал во јавност да глумат дека се среќен пар.

zaboravenata-sopruga-od-srbija-na-ajnshtajn-mu-gi-reshavala-matematichkite-problemi-toj-ja-izneveruval-so-bratuchetka-07.JPG

Исто така, ѝ рекол дека не може да очекува никакво внимание или љубов од него, како и дека мора веднаш да излезе од неговата соба ако ѝ рече така.

Според биографијата на Милева од српската писателка Десанка Трбуховиќ-Ѓуриќ, таа продолжила да му помага на Ајнштајн и во неговата научна работа, па дури и да му ги решава математичките проблеми на кои заглавувал.

Во 1916 година, Ајнштајн ја објави конечната верзија на неговата Општа теорија за релативност, а се верува дека во голема мера имал помош од Милева.

Но, секако, нејзиното име не е спомнато никаде.

До 1919 година, Милева веќе не можела да го поднесе бракот, па се согласила на развод. 

Но, поставила услов – доколку Ајнштајн добие Нобелова награда (што тогаш било многу веројатно), тогаш таа да ги добие парите.

zaboravenata-sopruga-od-srbija-na-ajnshtajn-mu-gi-reshavala-matematichkite-problemi-toj-ja-izneveruval-so-bratuchetka-0.JPG

Во 1921 година Алберт Ајнштајн доби Нобелова награда и на крај сепак ѝ ги дал парите на Милева – околу половина милион денешни долари.

Со овие пари, Милева купила имот кој го издавала, но од ова не заработувала многу и живеела скромно со двата сина во Цирих.

Едниот од синовите потоа бил дијагностициран со шизофренија и честопати одел во институција, а поради медицинските трошоци, нејзината финансиска состојба уште толку се влошила.

На крај, го изгубила имотот, па живеела од парите што ги заработувала држејќи приватни часови, како и од алиментацијата што ја добивала од Ајнштајн, иако тој не плаќал редовно.

zaboravenata-sopruga-od-srbija-na-ajnshtajn-mu-gi-reshavala-matematichkite-problemi-toj-ja-izneveruval-so-bratuchetka-06.JPG

Низ годините, Милева била поттикнувана да зборува за својот удел во истражувањата на Ајнштајн, за што наводно имало и доволно докази.

Но, сепак, одлучила да молчи.

Историчарите и експертите уште дебатираат за уделот на Милева, но некои се сигурни дека воопшто не бил занемарлив.

Милева Мариќ починала од мозочен удар во 1948-ма на 72-годишна возраст.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg