Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат

Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е уште посрамно некој да се венча по развод или да стапи во брак со разведена личност. Поради ова, Елизабета ѝ забранила на својата сестра да се венча со мажот што го сака, а кој за себе имал развод.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat01.jpg

Сè до разделбата на кралот Чарлс и Дијана, разводите во британското кралско семејство биле табу-тема.

Престолонаследниците не смееле ни да се венчаат со разведен партнер – таткото на кралицата Елизабета станал крал само затоа што брат му Едвард се откажал од тронот бидејќи сакал да се венча со разведена жена.

Иако денес ситуацијата е променета, кога е во прашање развод, членовите на британското кралско семејство сепак мораат да следат некои правила.

Дел од нив во продолжение:

Нивните поранешни сопружници можат да ги задржат титулите, но сè додека не се венчаат со некој друг

Кога се венча со Чарлс, Дијана ја доби титулата „нејзиното височество, принцезата од Велс“.

По разводот, Дијана ја задржа титулата „принцезата од Велс“, но веќе никој не смееше да ѝ се обраќа со „нејзино височество“.

Доколку Дијана стапеше во брак со друг маж, тогаш ќе ја изгубеше и титулата „принцеза“.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat-06.JPG

Поранешните сопружници може да добијат многу, но и ништо

Кралот (или кралицата) одлучува што ќе добие личноста што се разведува од кралското семејство.

На пример, Дијана доби огромна сума пари, но и право да го задржи нејзиниот апартман во Кенсингтонската палата.

Кралицата ѝ дозволила и да користи други ресурси на семејството, како нивните приватни авиони.

Од друга страна, кога сестрата на Чарлс, принцезата Ен, се разведе, кралицата го избрка нејзиниот поранешен сопруг од палатата.

Единствено доби право да ги посетува децата, но само ако Ен го сака тоа.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat-10.JPG

Кралот не може да забрани развод

Порано монархот имал апсолутна моќ над љубовните животи на членовите на кралското семејство.

Но, кралицата Елизабета, а сега и кралот Чарлс, не можат да му забранат на некој да се разведе.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat-02.JPG

Мораат да го најават разводот

Разводот се гледа како скандал за кралското семејство, па затоа има цела стратегија за тоа како ќе се извести јавноста.

Со најавувањето на разводот, кралското семејство сака да го контролира наративот и да избегне шпекулации и озборувања.

Притоа, за највисоко рангираните членови на кралското семејство, разводите ги најавуваат луѓе со моќни функции.

Разводот на Чарлс и Дијана го најави тогашниот премиер.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat-09.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg