Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат

Во некои случаи, јавноста одбира што ќе се случи

Ако истакнат член на кралското семејство сака да стапи во брак со разведена личност, тогаш и јавноста има удел.

На пример, кога Чарлс се венча со Камила, голем дел од Британците негодуваа бидејќи повеќето се фанови на Дијана.

Поради ова, тие направија мала церемонија, а кралицата Елизабета воопшто не беше присутна.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat-05_copy.JPG

Што се однесува до титулата на Камила, беше направена анкета според која мнозинството не сакаа таа да биде кралица.

Па, кога Чарлс седна на тронот, Камила официјално ја доби титулата „кралица сопруга“, наместо само кралица.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat-08.JPG

Оние кои сакаат да се разведат треба прво да си дадат време да размислат

Иако денес разводите се почеста појава во кралското семејство, оние кои сакат да се разведат сепак се советувани добро да размислат.

Бидејќи, нормално, имиџот е особено важен за кралското семејство, оние кои сакаат да се разведат мора прво да пробаат да ги решат проблемите меѓу нив, па дури и да се смират.

Токму ова им се случувало на Чарлс и Дијана.

„Јас и мојот сопруг моравме да држиме сè под контрола бидејќи не сакавме да ја разочараме јавноста кога, очигледно, имаше многу анксиозност во нашиот дом“, има изјавено Дијана.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat-11.JPG

Повторното стапување во брак е дури и полошо

Разводот се смета за лош во кралското семејство, особено за истакнатите членови. Но, уште полошо е ако оној кој се развел повторно стапи во брак.

Монархот е истовремно глава на Англиската црква која, пак, го забрануваше венчањето по разводот сè до 2002 година.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat-07.JPG

Со ова им се забрануваше и на членовите на кралското семејство да се венчаат со разведени личности.

Кралицата Елизабета дури ѝ забранила и на својата сестра да се венча со „љубовта на нејзиниот живот“ бидејќи зад себе имал еден брак.

Па, јасно е зошто бракот на Чарлс и Камила беше толку контроверзен.

strogite-pravila-shto-mora-da-gi-sledat-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-koi-sakaat-da-se-razvedat-04.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg