Го уапсија во Северна Кореја, се врати со оштетување на мозокот: Трагичната судбина на студентот Ото од САД
Неговиот цимер, Британецот Дени, открива дека дури на шега му рекол:
„’Па, изгледа нема да те видиме повеќе‘. Ми се насмевна и тоа беше последен пат што го видов“.
Наводно, на безбедносна снимка од хотелот, вработените виделе како некој краде постер со владина пропаганда и сметале дека Ото е виновникот. Па, затоа го уапсиле.
Родителите на Ото немале поим што се случува – очекувале син им да се врати по една недела, но од него немале добиено ни повик.
Дури на крајот на јануари, Северна Кореја потврди дека Ото е уапсен и воопшто не ја напуштил земјата.
Околу еден месец подоцна, тој се појави и на телевизија каде што одржа потресен говор.
Најпрво тој рече дека ѝ е заблагодарува на власта во Северна Кореја за можноста да се извини за неговото злодело, да моли за прошка и да моли да му се спаси животот.
Видно потресен и со насолзени очи, Ото призна дека го украл постерот и планирал да го однесе дома како трофеј за да ги уништи „работната етика и мотивацијата на Корејците“.
Спомна и дека планирал да го однесе „трофејот“ во методистичка црква и додаде:
„Ја направив најлошата одлука во мојот живот, но јас сум само човек“.
Видеото беше емитувано на телевизии ширум целиот свет, но многумина се сомневаа дека Ото бил присилен да признае вина, и тоа од неколку причини.
На пример, тој бил евреин и немал никаква поврзаност со методистичката црква, па нелогично е да украде постер за таму.
Во март истата година, Ото беше казнет со 15 години принудна работа во логор во Северна Кореја.
Во САД, пак, се правеше план за спасувачка мисија.
Помина цела година пред надлежните да успеат да го вратат Ото дома.
Но, крајот на приказната беше далеку од среќен – Ото бил буден, но не реагирал, односно бил во вегетативна состојба.
Според медицинските сестри кои се грижеле за него во Северна Кореја, бил во коматозна состојба уште од неговото судење во март претходната година и наводно воопшто не бил однесен во логор.
Надлежните од Северна Кореја, пак, тврдеа дека не му наштетиле на Ото и дека имал ботулизам – болест предизвикана од ботулински токсин од вид бактерии.
Состојбата му се влошила бидејќи имал алергична реакција на лековите што му ги давале.
Во САД, Ото бил одржуван во живот со машини. Бидејќи немало надеж дека состојбата ќе му се одобри, неговите родители одлучиле да ги исклучат машините и тој почина на 19-ти јуни 2017 година.
Родителите на Ото (и голем дел од јавноста) никогаш не верувале во приказната од надлежните во Северна Кореја.
Тие се сигурни дека нивниот син бил сурово измачуван во затвор, а ова резултирало со оштетување на мозокот.
Наводно, медицинските експерти не нашле докази дека Ото бил тепан и дека паднал во кома поради недостаток од крв и кислород во мозокот.
Сепак, никој не може да каже што точно му се случило и веројатно неговото семејство никогаш нема да ја дознае целата вистина.
Спирова С. | Црнобело