Од наследник во најмоќната американска династија, до ладнокрвен убиец: Кој бил Џон ду Понт?
Иако Џон бил ексцентрична личност, Дејв Шулц сепак прифатил да работи за него.
И според многу експерти, тоа што Дејв го претставувал брендот на милијардерот имало огромен удел во неговиот успех.
Во 1988 година, Џон ду Понт ја изгубил мајка си, по што менталното здравје почнало да му се влошува.
Почнал да халуцинира и тврдел дека гледа ликови од Дизни како се кријат низ неговиот имот. Најмувал и служби за обезбедување со цел да проверат дали низ неговиот имот имало тајни тунели и влезови.
Според некои извори, овој период Џо користел многу кокаин и алкохол кои само му ги влошувале халуцинациите.
Но, приватните проблеми на Џон почнале да ги чувствуваат и борачите од неговиот клуб.
За време на манична епизода, избркал неколку од нив, рекол дека нема да дозволува кај него да тренираат црни борачи, а во една пригода му вперил и пиштол на еден спортист.
Според пријател на Дејв Шулц, познатиот олимпиец бил единствената личност која знаела како да се справи со Џон ду Понт:
„Дејв му беше најблискиот пријател. Имаше смирувачки ефект врз него. Но, Дејв не беше личност што прифаќа се.
Ако Џон речеше дека нешто излегува од ѕидот, Дејв му кажуваше дека нема ништо. Мислам дека Џон можеби разви некој страв кон него“.
И покрај тоа што му бил најблизок пријател, на 26-ти јануари 1996 година, во 14 часот, Џон ду Понт зел пиштол и му наредил на својот телохранител да го однесе во куќата на Дејв Шулц.
Дејв го пречекал со насмевка, но Џон го вперил пиштолот во него и го убил.
Телохранителот веднаш истрчал да му помогне на Дејв, а во тој миг Џон влегол во автомобилот и се затворил во неговата куќа.
Опсадата на домот на Џон траела цели два дена и 70 полицајци и цел тим специјалци пробувале да го убедат да излезе надвор.
На крај, решиле да му го исклучат греењето, бидејќи било зима, па кога на Џон му пристудело, самиот излегол од куќата.
До денес никој не знае зошто Џон го убил олимпиецот, но тој сепак пробал да се брани со лудило.
На крај, поротата и судијата не му поверувале и добил доживотна казна затвор.
Џон ду Понт почина во 2010-та, на 72-годишна возраст, зад решетки.
Спирова С. | Црнобело