Од наследник во најмоќната американска династија, до ладнокрвен убиец: Кој бил Џон ду Понт?
Џон ду Понт потекнувал од една од најбогатите и највлијателни династии во САД, но и во светот. Отсекогаш бил ексцентричен, но по смртта на мајка му, менталното здравје му се влошило. Од непознати причини, тој ладнокрвно го убил неговиот најблизок пријател – олимпиецот Дејв Шулц – и животот го поминал зад решетки.

Џон Е. ду Понт имал сè што може да посака. Како член на едно од најбогатите семејства во Америка – ду Понт – дефинитивно бил обезбеден за целиот живот.
Богатството на династијата ду Понт се проценува на повеќе од 18 милијарди долари, додека Џон лично имал и повеќе од 200 милиони.
Но, наместо да ги искористи околностите во коишто се родил, Џон фрли сè во вода кога ладнокрвно го уби американскиот олимпиец Дејв Шулц.
Што знаеме за ексцентричниот богаташ?
Роден во Пенсилванија во 1938 година, Џон ду Понт бил еден од наследниците во најмоќното и најбогатото семејство во САД.
Династијата ду Понт стои зад DuPont – една од најголемите и највлијателните индустриски компании.
Неговото семејство исто така одгледувало расни коњи, на огромна фарма во Пенсилванија, а токму овде Џон поминал голем дел од детството.
Но, иако се родил со „сребрена лажица“, Џон бил осамено дете – татко му постојано бил зафатен, додека неговите браќа и сестри биле многу постари и ретко кога му обрнувале внимание.
Можеби поради околностите во кои пораснал, Џон отсекогаш важел за ексцентрична личност, дури уште откако бил дете.
Но, бил мошне интелигентен, па по дипломските и додипломските студии, тој станал доктор на природни науки. Истовремено, го основал и Природонаучниот музеј во Делавер.
Ова не го исполнувало, па Џон почнал да се фокусира на разни спортови, како боречки вештини и пливање.
Во 1876-та, пак, станал дел од олимпискиот пентатлон тим на САД.
Џон сакал уште повеќе да им се посвети на спортските активности, па во 1985 година отворил огромен тренинг центар на имотот на неговото семејство кој го носел името Foxcather Farms.
Притоа, вложил над три милиони долари во американскиот боречки тим и во неговиот центар, Џон имал за цел да тренира идни олимпијци.
Дотогаш, борачот Дејв Шулц имаше освоено злато на Олимписките игри, а беше и седумкратен светски шампион.
Па, според Џон, тој бил совршен кандидат кој ќе го претставува неговиот центар и неговиот боречки тим, но и кој ќе ги тренира младите спортисти.