Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пеги“
Во 1993-та, 13-годишниот Ерик Смит од САД ладнокрвно убил 4-годишно дете бидејќи бил жртва на булинг и само сакал „да го истури гневот на некој“. По 28 години зад решетки, денес тој е на слобода и тврди дека не претставува никаква закана.

Кога ќе го слушнеме зборот убиец, помислуваме на возрасна личност. Но, колку и да ни е тешко и да не сакаме да поверуваме, има случаи кога убијци се деца.
Во 1993-та, тогаш 13-годишниот Ерик Смит станал познат како „убиецот со пеги“, откако сурово убил четиригодишно дете.
Ерик дури и го малтретирал детето, а откако го признал убиството, изјавил дека бил гневен бидејќи со години бил жртва на булинг.
Што знаеме за целиот случај?
На 2-ри август 1993 година, Дорин Роби го испратила нејзиниот 4-годишен син Дерек во камп во парк во близина на нивниот дом.
Како што има изјавено подоцна, тоа било првпат да го пушти Дерек да оди некаде сам.
Но, бидејќи паркот се наоѓал многу блиску до нивниот дом, не ни помислувала дека може да се случи нешто.
Додека Дерек одел кон паркот, го сретнал 13-годишниот Ерик Смит кој му кажал дека знаел скратен пат до паркот. Со ова лесно го намамил во шума и го нападнал.
Ерик ладнокрвно го задавил детето, а му нанел и други повреди, од кои дел постхумно.
Го оставил неговото тело на само неколку метри од паркот и си заминал дома.
Бидејќи во текот на денот почнало да грми, мајката на Дерек отишла до паркот за да го однесе дома и тогаш дознала дека син ѝ воопшто не стигнал дотаму.
Пријавила во полиција и по неколку часа, мртвото тело на четиригодишниот Дерек било пронајдено.
Бидејќи инцидентот се случил во мал и мирен град, ни полицајците немале претстава кој би можел да изврши толку сурово убиство.
Во наредните неколку денови, родителите на 13-годишниот Ерик Смит почнале да забележуваат промени во неговото однесување.
Истото го забележале и нивните соседи – Ерик самиот му пришол на сосед и го прашал што ако малиот Дерек е убиен од дете.