Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пеги“
Соседот се загрижил дека Ерик можеби сведочел на убиството, па веднаш ги известил неговите родители.
Тие го однеле во полициска станица и прво Ерик негирал дека знае нешто, за на крај да признае дека тој го извршил убиството.
Полицијата почнала истрага и прво пробале да утврдат зошто Ерик го извршил убиството.
Според едниот од детективите кои работеле на случајот, било особено тешко да го слуша Ерик додека зборува за убиството.
Во интервју, тој сподели дека изгледало како Ерик да ужива во убиството бидејќи го повредувал детето и откако починало.
Како што кажал самиот Ерик, тој со години бил жртва на булинг – другите деца го исмејувале за неговите очила и неговата црвена коса. Поради ова, сакал да го „истури“ гневот на некој, а го избрал Дерек бидејќи тој бил првото дете на коешто налетал.
Како што има изјавено едниот од детективите:
„На Ерик му се смачило да биде жртва, па сакал да види како изгледа тој да биде насилникот“.
Судењето на Ерик се одржало истата година – 1993-та – а на детето му се судело како на возрасна личност.
Медиумите, пак, му го дале прекарот „убиецот со пеги“.
Ерик бил осуден на затворска казна во траење од девет години, до доживотна.
Додека да наполни 21 година, бил затворен во воспитно-поправен дом, а потоа бил префрлен во затвор за возрасни.
Во 2004 година имал ново сослушување во кое признал дека сигурно би убил уште еднаш доколку останел на слобода.
Низ годините, Ерик поднел низа барања за помилување или намалување на казната, но сите биле одбиени.
Дури во 2022-ра, по 28 години зад решетки, Ерик бил ослободен.
На последното сослушување открил дека бил свршен и планира да се венча – партнерката ја запознал додека таа студирала правен факултет и дошла во затворот да му направи интервју.
По ослободувањето, Ерик се преселил во Њујорк и според она што е познато, пробува да води нормален живот.
На последното сослушување, тој изјави:
„13-годишното дете што му го одзеде животот на Дерек не е мажот што го гледате пред вас. Јас не сум закана“.
Денес е во своите 40-ти и има доживотна условна казна, а полицијата постојано го надгледува.
Спирова С. | Црнобело