„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион евра“
Кофи, партнерот на Џенет, бил приведен за сообраќајката, но бидејќи признал вина, добил само седуммесечна условна казна.
Притоа, во полиција кажал дека со Џенет оделе кон неговото село, каде што требало да добијат благослов за нивниот брак бидејќи сакале да се венчаат.
Синот и двете ќерки на Џенет не веруваат во ова, но за The Sun, неколку експерти за вакви измами велат дека можеби сепак е несреќен случај.
„Би било необично партнерот да ја убие Џенет бидејќи тогаш од каде ќе добива пари? Поверојатно е дека сакал да се венча со неа за да добие државјанство.
Неретко се случува бели жени како неа да одат во села во Гана и да направат традиционална свадба која делува автентично. Доста често мажите се веќе во брак и целата ’свадба‘ е само глума.
Тие ги опсипуваат жените со љубов и внимание – нешто што не добиваат дома. Сосема возможно е дека Џенет отишла во Гана бидејќи навистина била вљубена“.
Инаку, Џенет била вдовица цели 50 години, откако нејзиниот сопруг загинал во несреќа додека копал бунар. Потоа имала врска со друг маж, но тој се разболел.
Во 2017 година, нејзините деца ја посоветувал да им даде шанса на сајтовите за состанување.
Најпрво Џенет стапила во контакт со маж кој ѝ се претставил како поранешен британски генерал кој живее во Сирија.
Ѝ рекол дека имал злато што сака да го пренесе во Англија, но му требале пари, па Џенет му испратила 150.000 евра.
Потоа Џенет запознала друг маж кој се преправал дека е дипломат, па и него му праќала пари.
Џенет почнала да продава имот, па дури и да троши пари од пензиската заштеда. Нејзините деца велат дека престанала да јаде и да си ги плаќа сметките само за да може да им праќа пари на мажите кои ја уверувале дека ја сакаат.
Потоа, во 2020 година, добила порака од Кофи кој ѝ се претставил како лекар од Акра, престолнината на Гана. Ѝ рекол дека бил свесен дека е жртва на измамници, па понудил да ѝ помогне да си ги врати парите.
Децата на Џенет пробале да ја вклучат полицијата, но тие не можеле да добијат никакви информации од неа и не продолжиле со истрагата.
Нејзиното семејство вели дека до денес не знаат зошто Џенет отишла во Гана и дали навистина верувала дека ќе си ги врати парите и дали била вљубена во Кофи.
Тој, пак, тврдел дека биле заедно пет години и искрено сакал да ѝ помогне.
Семејството на Џенет вели дека нема надеж за загубените пари, но се надеваат дека истрагата повторно ќе се отвори за да добијат правда за нејзината смрт.
Спирова С. | Црнобело