„Ги однесов моите деца-тинејџери на операција за скратување на желудникот, за да не се малтретираат со вежбање и диети“
„Пробував да им готвам здрави оброци, но многу сакаат пржена и мрсна храна. Еднаш одеа во теретана 2 пати неделно, но тоа не им помогна. Знам дека ме осудуваат но сега, по операцијата, син ми (15) и ќерка ми (17) се посреќни“.

Операцијата за скратување на желудникот е драстична мерка за луѓе кои од разни причини не можат да ослабат со регулирање на исхраната и физичка активност.
Ова е мошне ризична операција и лекарите препорачуваат да се прави само во случаи кога сите останати опции се покажале како неуспешни.
Но, жена од Англија решила да ги испрати нејзините деца тинејџери на ваква операција за да не морало да се малтретираат со вежбање и диети бидејќи тоа не им помогнало.
Ванеса Мартинез има син и ќерка – Грегорио и Хоуп – кои имале проблеми со дебелина.
На 15-годишна возраст, син ѝ имал 127 килограми, а нејзината ќерка на 17-годишна возраст имала 120 килограми.
Ванеса почнала да забележува дека децата имаат и проблеми со здравјето, како отежнато дишење и сфатила дека мора да преземе нешто.
Но, наместо да ги мотивира да се хранат здраво и да вежбаат, презела драстични мерки и ги испратила на операција за скратување на желудникот.
Вели дека ја добила идејата откако нејзиниот син ѝ кажал за негов пријател кој ја направил операцијата и бил задоволен од резултатот.
Таа и самата ја имала направено операцијата, но била осудувана бидејќи, сепак, нејзините деца биле тинејџери.
„Знам што си велат другите мајки за мене. Но, ова беше вистинската одлука и вредеше.
Сега тие се посреќни и не мора да се заморуваат со вежбање, што не им помагаше.
Ванеса пред операцијата
Грегорио и Хоуп биле родени со нормална тежина, но почнале да се дебелеат во пубертет.
