„Ги однесов моите деца-тинејџери на операција за скратување на желудникот, за да не се малтретираат со вежбање и диети“
Ванеса тврди дека нивната дебелина била „чиста генетика“, без разлика што никој од нејзиниот семејство нема здравствен проблем кој би предизвикал дебелина.
„И јас и сопругот сме поголеми луѓе. Иако нашите деца имаа просечна големина кога беа помали, по 12-тата година почнаа да се дебелеат“.
Уште на почетокот од средно, Грегорио почнал да се соочува со отежнато одење, астма и ’рчење, додека сестра му Хоуп сонувала дека ќе стане дел од морнарицата, но не можела да го издржи физичкиот тренинг.
Ванеса вели дека сè потешко станувало и да им најде облека.
„Mи се кршеше срцето кога ги гледав како се мачат со дебелината. Тоа што не може да се споредуваат со нивните пријатели кога е во прашање физичка издржливост правеше да се чувствувам поразено и виновно.
И двајцата се соочуваа со реални проблеми поради дебелината. Слабеењето им изгледаше како невозможна битка“.
Ванеса вели дека пред операцијата, навистина се потрудила да им помогне.
„Секогаш им готвев и ги терав да вежбаат, а пробав и да бидам построга со нивната исхрана. Но, многу сакаат пржена и мрсна храна, пица… и јадеа вакви работи кога излегуваа, кога јас не ги гледав.
Им платив членство во теретана и одеа двапати неделно, но ова не им помогна“.
Во јануари 2025-та, Грегорио ѝ спомнал на мајка си за операцијата, а таа вели дека не била изненадена.
„Знаев дека е сериозен, инаку не би ни прашал. Тој знаеше дека јас ја имав направено операцијата. Кога ми рече дека мразел што е дебел, ми се скрши срцето.
Кога јас одев на училиште и бев дебела, пробував секакви диети и бев мизерна. Пробав да вежба, и ако ослабев, секогаш си ги враќав килограмите. Не го сакав тоа за него“.
Ванеса разговарала со лекар кој прави вакви операции, но вели дека на почетокот се соочувала со осуди.
„Го посетивме докторот и го прашавме, тој ни рече да ја променат исхраната и да вежбаат, а ова го имаа пробано неколкупати.
Но, размислував долго, бидејќи операцијата е ризична и тој е тинејџер, но решив дека мора да ја направи“.
Со сопругот одлучиле дека и ќерка им ќе треба да ја направи операцијата.
„Некои луѓе не го оправдуваа ова и се соочувавме со осуда. Секако, тоа беше голема одлука, но вредеше. Астмата на Грегорио е смирена, е Хоуп го почна тренингот за морнарицата.
Имаат поддршка од пријателите и сега се посреќни. Знам дека некои луѓе ќе нè осудуваат бидејќи ги испративме тинејџерите на ваква операција, но како нивна мајка верувам дека ја направив вистинската одлука“.
Сега Грегорио и Хоуп биле задоволни од својот изглед, но факт е дека и со ваква операција, ќе треба да внимаваат на исхраната и да бидат физички активни ако не сакаат да ги вратат килограмите во иднина.
Спирова С. | Црнобело
