Детали за најчудниот љубовен триаголник во НАСА: Астронаутка со чекан и пиштол сакала да ја убие љубовницата на дечко ѝ
Лиса била во Хјустон, додека новата девојка на Вилијам, Колин, била во Орландо. Па, на 5-ти февруари 2007 година, уште рано наутро, Лиса тргнала на 14-часовно патување со автомобил, вооружена со чекан, воздушен пиштол, нож со сечило од дури 10 сантиметри и огромни вреќи за ѓубре.
Целта најверојатно ѝ била да ја сретне Колин, да ја убие и да ѝ го скрие телото во вреќите.
Но, ова не е најбизарниот детаљ од приказната.
Бидејќи Лиса сакала да стигне што е можно побрзо, додека возела носела пелени, за да не мора да застанува за да оди во тоалет.
Кога пристигнала во Орландо, Лиса си ставила темна перика, очила и долг мантил. Ја лоцирала жената на аеродром во Орландо, ја следела кога се качила во автобус, а продолжила да ја следи и до нејзиниот автомобил на паркинг.
Кога жената влегла во автомобилот, Лиса почнала да ѝ тропа на прозорецот лажејќи дека ѝ треба помош.
Жената малку го отворила прозорецот, но тогаш Лиса ја испрскала со пепер-спреј.
Жената успеала да побегне и повикала полиција, а полицајците ја затекнале Лиса како ги фрла периката и пиштолот во корпа за отпадоци.
Кога ја привеле, Лиса тврдела дека само сакала да разговара со жената за нејзината врска со Вилијам. Но било премногу очигледно дека се подготвувала за нешто повеќе, па ја обвиниле за обид за убиство и киднапирање.
Лиса се најде и на суд, а откако призна вина, доби едногодишна условна казна, општокорисна работа, како и задолжително психолошко советување.
По судењето, таа јавно ѝ се извини на жената:
„Знам дека ова беше многу тешко за Колин Шипман и би сакал да ѝ кажам дека многу жалам ако ја исплашив на каков било начин, како и за јавното понижување што следеше за сите нас“.
Очекувано, Лиса се разведе од сопругот, беше избркана од НАСА, исто како и од американската морнарица.
Нејзиниот љубовник, пак, се венча со Колин жена во 2010 година и со неа се пресели на Алјаска.
Вилијам и Колин со нивниот син
Оттогаш Лиса се држи настрана од јавност, но во 2022 година, даде кратка изјава за магазинот People.
Сподели дека има мирен живот во Тексас, како и дека конечно си го нашла својот мир.
Спирова С. | Црнобело
