Детали за најчудниот љубовен триаголник во НАСА: Астронаутка со чекан и пиштол сакала да ја убие љубовницата на дечко ѝ
Само неколку месеци откако се вратила од Меѓународната вселенска станица, астронаутката Лиса Новак тргнала на 14-часовно патување со автомобил со една цел – да ја најде љубовницата на нејзиниот дечко. Се вооружила со пиштол, чекан и нож, а за да не застанува по пат за тоалет, носела и пелени.

Лиса Новак имала живот на кој многумина би завиделе – импресивната кариера ја почнала во американската морнарица, а потоа работела во НАСА и во 2006 година беше дел од екипажот на Меѓународната вселенска станица.
Но, само неколку месеци по вселенската мисија, Лиса изгубила сè откако се вплеткала во љубовен триаголник и ја нападнала „другата“ жена.
Лиса ги изгубила сите титули и признанија и станала првиот астронаут на НАСА кој бил уапсен за напад.
Чудната приказна стана инспирација за филот Lucy in the Sky каде главната улога ѝ припаѓа на Натали Портман.
Детали за бизарната приказна на Лиса Новак:
Лиса Мери Новак е родена во 1963-та во Вашингтон, а студирала воздухопловно инженерство.
Во 1996 година се вработила во НАСА како астронаут и експерт за роботика.
Лиса била во брак и имала две деца, а според нејзините блиски, била навистина посветена сопруга и мајка.
Покрај импресивната кариера, имала и низа хобија како возење велосипед и градинарство и делувала како учтива и културна личност.
Во 2006 година, Лиса била испратена на мисија на Меѓународната вселенска станица и поминала речиси две недели во вселената.
Но, и покрај сите достигнувања, Лиса веројатно ќе биде запомнета за нејзиниот испад од 2007 година и љубовниот триаголник во кој се вплеткала
Во НАСА, еден од колегите на Лиса бил астронаутот и фотограф Вилијам Оефелејн. Не е точно познато во каков однос биле, но според зборовите на Лиса, биле „повеќе од колеги, но не биле во врска“.
Се запознале в 1996-та, а според Вилијам, почнале да се гледаат во 2004 година.
Дотогаш Лиса наводно била разделена од нејзиниот сопруг, иако уште биле во брак.
Кон крајот на 2006 година, Вилијам почнал да се гледа со друга колешка од НАСА, а кога врската со неа станувала сериозна, решил да ѝ раскине на Лиса.
Целата приказна е малку матна, но наводно Лиса дознала за врската на Вилијам и другата колешка откако му го проверила мејлот.
И, тогаш решила да се соочи со неа.
